Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за првпат во својата богата политичка кариера имаше свое гостување на ТВ СИТЕЛ во емисијата “Магазин” каде што зборуваше со “сосема спуштен гард” за себеси со многу пикантерии за својот приватен живот.
За неговата љубов за родниот Охрид, за неговата приврзаност кон Скопје и чувство за припадност без исклучок насекаде низ цела Македонија, Николоски зборуваше и за т.н. ривалитет меѓу скопјани и охриѓани што за него всушност и не треба да постои затоа што Македонија е премногу мала и преубава за да биде подложена на понатамошнилокални поделби.
Николоски зборуваше и за својата младост каде што како првенец на генерацијата живеел динамичен живот со многу другарства околу себе но и соработници кои што го избрале за претседател на Средношколската унија на Македонија на негови само 16-17 години. Во тоа време со својата активност како средношколец се заложил и успеал да се избори заедно со својата генерација средношколци да се намали драстично партиципацијата за упис на факултет- придобивка која што до ден денес ја чувствуваат сите средношколци кои што сакаат да се запишат на факултет заедно со нивните семејства.
За преминот од средно училиште кон факултет Николоски ја истакна среќата што имал прилика да биде под водство на Проф. Др Ѓорѓе Иванов во неговата лична наобразба на Правниот факултет- Политички студии во Скопје.
Николоски зборуваше и за можноста што би бил доколку не би бил политичар при што го истакна својот динамичен карактер кој што сгурно би одбрал некоја динамична професија.
Целата емисија со уште повеќе пикантерии од приватниот живот на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски проследете ја во видеото во продолжение:


