По повод 8 Септември- денот кога Република Македонија се стекна со својата независност во 1991 година, Македонскиот актер Владо Јовановски упати свој можеби за мнозинство невообичаен коментар, но за оние следбеници на неговото дело, ваквата реакција воопшто не изненадува:
“Честит празник на илинденците, на асномците и на сите борци низ вековите, за слободна и независна Македонија!
А на оваа денешнава генерација македонци, не знам што да честитам, а и не знам што има за честитање…
Ај, имајте убав ден!”
-напиша актерот Владо Јовановски на фејсбук.


