Претседателот на Енергетската Стопанска Комора на МакедонијаЃорѓи Манасков со своја реакција преку фејсбук страната на оваа институција прогласи Енергетска вонредна состојба во државата.
Во продолжение во целост го пренесуваме неговото соопштение:
“ИТНО ПРОГЛАСУВАМ !!! – Енергетска вонредна состојба во државата!!!…
Како Претседател на Стопанската Комора за Енергетика на Македонија, прогласувам – енергетска вонредна состојба во државата. Ја повикувам Владата да преземе сериозни чекори во однос на моменталната состојба која ќе следи и притоа сите граѓани, компании и лиценцирани снабдувачи и трговци на електрична енергија ќе претрпат огромни финансиски штета. Неочекуваното поскапување на берзата на струја, ќе ги банкротира сите лиценцирани снабдувачи во државата, а граѓаните и компаниите ќе бидат финансиски казнети.Ја замолувам владата на сериозност во преземање веднаш мерки и активности, со цел да се избегнее оваа економска финансиска криза која ќе ја зафати цела Македонија.
Со почит Ѓорѓи Манасков
08.09.2021″”
-напишаа на фејсбук од Енергетскта Стопанска Комора на Македонија


