• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонска бесмртност

НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПРЕД 2352 ГОДИНИ ПО БИТКАТА КАЈ ГАВГАМЕЛА, МАКЕДOНЦИТЕ СТАНАА ГOСПOДАРИ НА СВЕТOТ!

октомври 1st, 2021 Македонска бесмртност коментари 1049

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
НА ДЕНЕШЕН ДЕН ПРЕД 2352 ГОДИНИ ПО БИТКАТА КАЈ ГАВГАМЕЛА, МАКЕДOНЦИТЕ СТАНАА ГOСПOДАРИ НА СВЕТOТ!

НА ДЕНЕШЕН ДЕН (1 OКТOМВРИ ВО 331 г.п.н.е.) ПО БИТКАТА НА ГАВГАМЕЛА И ПОБЕДАТА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ НАД ДАРИЈ III, МАКЕДOНЦИТЕ СТАНАА ГOСПOДАРИ НА СВЕТOТ!

Една од најпознатите битки која ја водел Александар Македонски е Битката кај Гавгамела, која почнала на 1 октомври 331 г.п.н.е. со персискиот крал Дариј, во која македонскиот воин употребил уникатна стратегија.Со оваа битка, против многукратно побројната персиска војска, најголемото и најдостојно чедо на Мајка Македонија – Александар Македонски ставил крај на владеењето на Дариј и му ја одзел титулата Голем Крал на Персија.

По Битка кај Гавгамела помеѓу македонската војска предводена од Александар Македонски и персиската војска предводена од Дариј III крал на Ахаjменидска Персија практично започнал падот на неприкосновената персиска империја.

Македонската војска, во чиј состав (според Аријан) имало и грчки сојузници броела 7.250 коњица и 40.000 пешадија, а Персијците биле бројно надмоќни со околу 20.000 коњица, 230.000 пешадија (вклучувајќи и околу 10.000 грчки платеници). Вистинскот број на Персијците не е утврден, но се знае дека биле многукратно побројни.

Името на битката доаѓа од хебрејскиот збор за „камила“, точната локација не може да се утврди, но се смета дека се случила источно од Мосул во северниот дел на денешен Ирак. По битката, Дариј избегал во Арбела (денешен Ербил) на стотина километри источно.

Дариј напаѓал со петпати побројна коњица

Две години по битката кај Ис Александар продолжил со освојување на Медитеранскиот брег и Египет. Потоа продолжил преку Сирија кон срцето на Персиската империја. Александар без отпор ги преминал реките Еуфрат и Тигар. Дариј собрал силна војска повлекувајќи војници од далечните краишта на неговата империја, а планот бил со бројно надмоќна војска да го порази Александар. Според некои историчари војската на Дариј во оваа битка броела преку 100.000 војници.

Персијците биле на бојното поле уште пред самата битка да започне. Дариј ја регрутирал најдобрата коњица од неговите сатрапии и од сојузничкото скитско племе. Дариј исто така ги спремил српните двоколки за кои имал приготвено чист терен пред неговите трупи. Дариј имал и 50 индиски бојни слонови со поддршка на индиски двоколки, иако тие не играле никаква улога во битката. Пред битката, Дариј наредил да се искорне секаква вегетација на бојното поле за да може што подобро да оперира со српните двоколки.

Самиот Дариј стоел во средина заедно со најдобрата пешадија, по персискиот кралски обичај. Тој бил опкружен, десно, од каријска коњица, грчки платеници и персиска коњичка гарда. Меѓу центарот и средината ја поставил неговата пешадиска гарда (јаболконосачи или бесмртници), индиската коњица и неговите мардиски стрелци. На двете крила била коњицата. Кападокијците и Ерменците биле сместени во преден план и го воделе нападот.Македонците биле поделени на два дела, со десното крило под директна команда на Александар, а левото на Парменион. Александар се борел со своите коњички придружници. Со нив биле Пајонците и лесната коњица на Александар. Платеничката коњица била исто така поделена на две групи, со ветераните на десното крило, а остатокот од нив пред агријанците и македонските стрелци кои се наоѓале непосредно покрај фалангата. Парменион се наоѓал лево со Тесалците, грчки платеници и тракиските коњички единици. Тие биле наменети да го задржуваат непријателот додека Александар го задава решавачкиот удар десно.

Меѓу десната страна и центарот биле критски платеници. Зад нив била група од тесалски коњаници под команда на Филип како и ахајски платеници. Десно од нив бил друг дел од сојузничката грчка коњица. Таму била и фалангата која била позиционирана во двојна линија. Заради тоа што биле бројно надминати 5:1 во коњица, и персиската линија била за 1,5 км подолга од македонската, изгледало неизбежно дека Македонците ќе бидат заобиколени од Персијците. Вториот ред фаланга имал за задача да се справи со оваа ситуација ако тоа се случи. Оваа втора линија се состоела главно од платеници.

Почетокот на битката

За време на битката Александар Македонски употребил уникатна стратегија која само неколкумина во светската историја можеле да ја повторат. Неговиот план бил да повлече што повеќе персиска коњица на крилата. Овој план имал за цел да направи отвор во непријателската линија каде подоцна би се задал решавачки удар кај Дариј во центарот.Македонците нападнале со крилата свиткани наназад под агол од 45 степени за да ја намамат периската коњица да нападне. Истовремено полека крилата се придвижувале кон десно. Александар го приморал Дариј да нападне, иако Дариј не сакал да нападне прв поучен од тоа што се случило во слична ситуација кај Ис. На крајот Дариј бил приморан да нападне.Тој наредил напад на двоколките кои биле пресретнати од Агријанците. Но, македонската војска имала извежбана тактика за соочување со овие смртоносни направи. Првите линии се поттргнале, отворајќи процеп. Коњите не сакале да втрчаат во копјата на првите редови и се фатиле во т.н. „стапица“, каде што биле запрени со копјата од задните редови. Потоа возачите биле лесно убиени, а двоколките биле бескорисни.

Решавачкиот удар

Како што Персијците оделе се понапред и понапред во македонските крила, Александар полека ја исфилтрирал неговата гарда позади. Персијците го направиле истото, додека не се отворила празнина помеѓу левата страна на Бес и центарот на Дариј кога Александар ги пратил своите последни коњички резерви против нив. Александар се подготвил за решавачкиот напад против Персијците. Под негово водство, тој ги групирал своите единици во форма на клин, а самиот Александар на врвот од него. Позади него биле единици од неговата гарда и од фалангата, кои успеал да ги извлече од битка.Овој голем клин се судрил директно со ослабениот персиски центар, масакрирајќи ја кралската гарда на Дариј и грчките платеници. Бес од левата страна бил отсечен од Дариј и плашејќи се дека и тој би бил нападнат од овој клин почнал да се повлекува. Самиот Дариј бил во опасност да биде отсечен, и тука има неколку различни верзии на она што потоа се случило. Според речиси сите верзии, Дариј почнал да бега и остатокот од неговата војска исто така. Но, единствениот зачуван документ од тоа време вели дека војската сама почнала да бега.

Александар сега можел да го гони и да го фати Дариј. Меѓутоа, примил очајни пораки од Парменион (настан кој подоцна ќе биде употребен од Калистен и други за да го дискредитираат Парменион) од левата страна. Александар бил соочен со изборот да го брка Дариј со тоа што би ја изгубил војската, или да се врати кај левото крило за да му помогне на Парменион и да си ја зачува војската. На крај решил да му помогне на Парменион и да го гони Дариј подоцна.

По битката, Парменион го обиколил персискиот багажен караван, додека Александар и неговите телохранители го гонеле Дариј со надеж дека ќе го фатат. Како и кај Ис, така и во оваа битка пленот од грабежот бил огромен.

Дариј успеал да избега од битката со мала група војници. Бактриската коњица и Бес, успеале да го стигнат. Некои преживеани од кралската гарда и 2.000 грчки платеници исто така им се придружиле.

Александар потоа се прогласил за Голем Крал (титулата на Дариј).

Извор: Мајка Македонија 

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Субвенции за енергртско- ефикасни фасади и ПВЦ прозорци за жителите на општина Карбинци, ветува Виктор Паунов од ВМРО-ДПМНЕ
Следна објава Градоначалникот Горан Трајковски се уште не најде решение за ѓубрето во центарот на Делчево
Може да Ве интересира:
На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание
Македонска бесмртност

На денешен ден е кренато Македонското Кресненско востание

октомври 17th, 2022 654
Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава
Македонска бесмртност

Стихотворбата "Мојата Татковина" на едно детенце во основно училиште кажува како се вика оваа држава

септември 13th, 2022 1024
Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик
Македонска бесмртност

Ова се местата во соседните држави каде се зборуваат наречјата на Македонскиот Јазик

септември 12th, 2022 1018
На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски
Историски личности

На денешен ден во 1941 г. прогонуван од бугарските фашистички власти во Скопје згаснува животот на Коле Неделковски

септември 2nd, 2022 665
Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров
Историски личности

Кому му пречело силно ВМРО? На денешен ден е убиен Тодор Александров

август 31st, 2022 641
Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?
Историски документи

Знае ли Драги Георгиев да чита германски историски атлас од 1886 година?

август 30th, 2022 864
На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски
Историски личности

На денешен ден е роден Македонскиот актер Ненад Стојановски

август 19th, 2022 655
Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата
Македонска бесмртност

Една од најголемите битки и херои од 2001 година- Битката за Радуша заборавени и од јавноста и од државата

август 17th, 2022 1122
Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци
Македонска бесмртност

Ова е "Бриони" во Челопек разурнат од експлозија од качачките терористи заедно со двајца недолжни Македонци

август 13th, 2022 595
Жена на денот
Шилоу Џоли Пит се повеќе се навикнува на телевизиските камери

Шилоу Џоли Пит се повеќе се навикнува на телевизиските камери

753
Маж на денот
Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

Ден Стивенс- актерот кој започна своевидна метаморфоза низ своето актерско дело

2219
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201923
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201921
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201921
Се заблагодарува и ветува дека нема да ја изневери поддршката
Македонија

Се заблагодарува и ветува дека нема да ја изневери поддршката

Ное 1st, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.