Македонски народе, нека е честит 11 Октомври, Денот на македонското сенародно востание против “братскиот” фашистичкиот окупатор и “чесната администрација”.
Граѓани на Македонија, жртвата на борците за слобода и човечко достоинство не смее да остане залудна. Тие што денеска се повикуваат на нивната жртва, ги исфрлија од Уставот и ги погазија. Брусат споменици и бираат зборови да ја кажат вистината. Тие криминални ликови вршат историска ревизија.
“Одозгора на тога”, денеска полагаат цвеќе и лицемерно ја “чествуваат” жртвата на предците. Како што во Втората Светска војна народот се крена и ја извојува својата слобода, така и на 17 октомври да се кренеме против злото што ја има нападнато и што и’ нанесе крвави рани на татковината.
–фејсбук статус на Драган Ковачки


