На централниот митинг на СДСМ кој се одржа синоќа во општина Карпош во рамки на кампањата во вториот изборен круг од локалните избори, претседателот на СДСМ Зоран Заев пак се фати со темата споменици иако 4 години е апсолутна власт во државата на сите нивоа.
“Сакам вечерва да испратам порака до градот дека Владата заедно со Скопје на чело со Шилегов, ќе ги дислоцираме споменици од проектот „Скопје 2014“, “
-соопшти тој на синоќешниот митинг. Притоа најави дека ќе ги дислоцирал спомениците од Скопје на некаква полјана близу градот и од нив ќе правел музеј.
“Тоа може да го поднесе државата, не чини пари и ќе го реализира за да остане симбол дека Скопје е прогресивно, дека Скопје слуша, Владата слуша и постапува по укажување на граѓаните, “
-соопшти синоќа Зоран Заев без да прецизира зошто тоа до сега не го направи иако му беше главно предизборно ветување во 2016 година..


