Штотуку беше објавена веста дека светскиот тенисерски ас Новак Ѓоковиќ е влезен во разговори со значајни правни застапници со намера да ја тужи владата на Австралија со побарување на отштета од 3.2 милиони фунти.
Од извори блиски до тенисерот повеќе светски медиуми дознаваат дека отштетата се однесува на наградата од 2.3 милиони фунти која што Новак Ѓоковиќ очекувано требаше да ја освои на турнирот “Австралија опен”.
Извор близок до неговиот агент Едуардо Артлади известува дека и самиот Новак и членовите на неговото семејство чувствуваат дека тенисерот имал понижувачки третман во карантинскиот хотел во Мелбурн, Австралија. Неговата мајка открила дека просториите во кои бил сместен лидерот на светскиот тенис биле полни со муви и црви и дека тој бил во виртуелен затвор.
Адвокатот Тома Фила вели дека Новак Ѓоковиќ бил подложен на понижувачки однос и дека трееба да ги тужи надлежните за оваа негова состојба.
Моментално Ѓоковиќ е во Белград, каде одмара од целата несреќна ситуација која го снајде.


