• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Научниците повикаа на заедничко освојување на Арктикот

ноември 13th, 2021 Колумна коментари 610

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Научниците повикаа на заедничко освојување на Арктикот

Институтот за истражување на пазарите во развој Сколково (IEMS) во соработка со NORD University Business School од Норвешка со поддршка на високи претставници на Арктикот одржаа дискусија на 2 ноември Арктик 2050 година: Мапирање на иднината на Арктикот во рамките на конференцијата за климатски промени во Глазгов, Шкотска. Во фокусот на панелистите беа можностите и предизвиците кои што ги нуди Арктикот. Панелистите зборуваа за можноста Арктикот да стане главен светски снабдувач со храна во иднината, како и главен светски снабдувач на чиста енергија.

Арктикот е преубав регион, сеуште недопрен од човечката рака, но климатските промени имаат големо влијание над Арктикот. Ние сме сведоци на постојаното топење на арктичкиот лед, како резултат на зголемувањето на температурите, предизвикани од климатските промени. На Арктикот, климатските промени се реалност што носи и предизвици и можности за нејзините жители.

Во периодот 2021-2023 година, Руската Федерација претседава со Арктичкиот совет, централниот форум за меѓународна соработка во регионот. Откако неодамна прослави 25 години постоење, Арктичкиот совет продолжува да биде ефективна платформа за интеракција помеѓу арктичките држави и домородните народи на северот, како и експертите и научниците од неговите работни групи, државите набљудувачи и организации [1].

Иако Арктикот е огромен на територија, тој е дом на 10 милиона луѓе, од кои најголемиот дел живеат во урбанизирани населби и градови. Денешната арктичка економија е силно зависна од нафтената и гасна индустрија. Но како ќе изгледа Арктикот за 30 години како резултат на енергетската транзиција и на климатските промени? Како Арктикот може да стане главен светски снабдувач со храна и со чиста енергија? Што треба да се направи за да се спаси Арктикот и океанот, а истовремено да се искористуваат ресурсите со кои што е богат Арктикот и океанот, преку оддржлив развој? На овие прашања беше даден одговор

За време на дискусијата акцентот беше ставен на „Сината енергија“ и на “Енергијата од океанот“ кои што се чисти енергенси на иднината.

 Арктикот е исклучително богат со природни ресурси: 30% од неистражените светски резерви на природен гас и 13% од резервите на нафта лежат во утробата на Арктикот [2]. Нема друг регион во светот со такви резерви на нафта и гас, риба и морски плодови, рударство и најмногу одржлив економски развој. Топењето на мразот отвора пристап до неистражени минерални и биолошки ресурси, како и отклучува бродски рути за навигација преку целата година, пред се користејќи го северниот морски пат, по кој што е најкратката рута за транспорт на стоки и услуги од Азија во Европа и обратно.

Николај Корчунов, амбасадор со посебни овластување на Руската Федерација за Арктикот, и претставник на Руската Федерација во рамките на Арктичкиот совет рече дека само со заеднички напори на сите арктички земји и меѓународни институции може да се постигне одржлив развој, транзиција кон економија со ниски емисии, оддржливо решение за зелена енергија за Арктикот, да се намалат и минимизираат ризиците за животната средина, и да се зачува уникатната природа на Арктикот. Русија не е заинтересирана за конфронација со другите држави, и Русија е отворена за соработка со сите заинтересирани држави за имплементирање на стратегијата Арктик 2050, и за заедничко освојување на Арктикот и на неговите богатства. Русија има намера во наредниот период да организира важни конференции и настани поврзани со климатските промени, спречување на загадувањето и деградацијата на Арктикот, креирање на стратегија за одржлив и зелен развој на Арктикот, каде што државите заедно ќе учествуваат и соработуваат со приватниот бизнис за развојот на Арктикот.

Зборуваше за извештајот Арктик 2050: Мапирање на иднината на Арктикот, како и за визијата како ќе изгледа Арктикот во 2050 година. Извештајот елаборира за Арктикот каков што го знаеме сега, со главни сили како климатската криза, демографските предизвици и создавањето економска вредност и арктичките технологии и иновации.

Истражувачите од целиот свет дискутираат за квалитетот на институционалната средина и темпото за технологија и иновации за Арктикот.

Фроде Нилсен (професор по маркетинг Бизнис школа на Универзитетот Норд) изјави дека сака да зборува „предизвиците и можностите кои што ги нуди Арктикот“. Тој се фокусираше на западно – руските интереси во Акртикот. Главното прашање и за Западот и за Русија е поврзано со ценетите ресурси во Арктикот, и има ли уште ресурси кои што не се откриени. Тоа е најважното прашање со векови. „Како резултат на климатските промени, развојот на нови софистицирани технологии, потребно е Западот и Русија заеднички да работат на оддржливо користење на ресурсите и богатствата на Арктикот, преку „Сина економија. Две прашања се важни, кои сектори на „сината економија“ во трансформацијата на Арктикот ќе имаат најголемо влијание врз глобалната економија и ќе можат да ги задоволат нејзините потреби, и кои се можностите и ограничувањата за силно зголемување на репродукцијата на Арктикот. Како резултат на Арктикот „Сината економија“ денес е актуелна повеќе од било кога.“

Мадс Квист Фредериксен – директор на Арктичкиот економски совет зборуваше за иднината на арктичката економија. Температурата на Арктикот се зголемува три пати побрзо отколку во останатите региони во светот. Климатските промени имаат големо негативно влијание врз Арктикот и неговиот развој, и за постојната инфраструктура. Следната дека е декада на океанот и океанската економија. Светот ќе има потреба од повеќе ресурси од океаните, за да може да се прехрани во наредните декади. Арктикот е исклучително богат со ретки метали, кои што ќе имаат се поголемо значење во иднина. Европа денес е на 90% зависна од испораката на ретки метали од Кина. Но зелената економија и зелената транзиција е невозможна без ретките метали. 85% од светската популација живее на северната хемисфера, и Арктикот ги поврзува сите нив. Северниот морски пат ќе биде главна трговска рута во 21 век.  

Русија има амбициозна владина политика за Арктикот, и за таа цел Русија инвестира во голем број на иновативни инфраструктурни, енергетски, транспортни и научни проекти во Арктикот. Русија отворени ги повикува и другите држави да и се приклучат во мега проектите за освојување на Арктикот. За тие мега проекти пред се се заинтересирани Кина и Индија, но и други азиски држави пројавуваат интерес.

Во исто време, интензивирањето на економската активност има значително влијание и врз животната средина и врз условите за живот на домородните народи. Разбирањето на движечките сили кои ќе го трансформираат деловниот и политичкиот пејзаж на Арктикот во наредните децении е од клучно значење за креаторите на политиките и бизнисите со цел да се дојде до взаемно корисни пристапи за искористување на можностите што се појавуваат без да му наштетат на уникатните природни и социјален екосистем [3]. Суровите еколошки услови на Арктикот во минатото ја кочеа економската активност во регионот. Климатските промени, новите технологии и иновации отвораат нови перспективи за развој на овие територии. Арктикот стана една од жешките точки на геополитиката: глобалните и регионалните играчи се обидуваат да ги прошират своите граници. Иднината на Арктикот е сложен и синтетички проблем, така што неговото решение може да се обезбеди само со интегрирање на напорите на сите земји на Арктикот.

Во овој момент, Русија прави се правилно, поморската маршута исток-запад (Северниот морски пат) е се повеќе актуелен. Русија им дава преференции на руските товарни и руските бродоградежни компании. Арктикот е регион со гас и чиста енергија, минерали и метали, како и голем потенцијал за обновлива енергија од ветер и хидроенергија, а благодарение на овој важен фактор, Арктикот може да стане платформа за зелена индустриска преработка.


Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

  • Ознаки
  • Дарко Тодоровски
  • Колумна
  • Русија
  • САД

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Делчево – град со иднина или град во изумирање?
Следна објава Македонија помеѓу Белград и Софија
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 563
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 571
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 569
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 548
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 475
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 901
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 573
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 711
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 704
Жена на денот
Ова е ќерката на Селма Хајек која го носи товарот на славата на нејзината мајка

Ова е ќерката на Селма Хајек која го носи товарот на славата на нејзината мајка

980
Маж на денот
Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

2038
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4275
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење
Магазин

Пробајте го овој рецепт за здрав оброк - Намаз од цвекло и фета сирење

Јун 10th, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.