“Енергетската криза во Република Македонија има име и презиме и тоа е Васко Ковачевски, директорот на ЕЛЕМ (ЕСМ), кој под диригентска палка на ЕКС премиерот Зоран Заев, а воден од лакомоста, некадарноста и клептоманските барања на Вице Заев, за неколку месеци испумпаа неверојатни 170 милиони евра, што за увоз на струја преку сопствените фирми, што за увоз на јаглен со “бизнис партнерите” од Албанија, што за фиктивниот ископ со ангажирање на рударска опрема во рудниците во РЕК Битола.
Македонија се наоѓа во најтешката електроенергетска криза до сега. Ова е и формално официјализирано кога се прогласи кризна состојба до 9.6.2022 година. Бројните предупредувања за потенцијална криза од страна на ВМРО ДПМНЕ во изминативе неколку месеци, кои беа игнорирани од одговорните луѓе во власта, сега станаа реалност. Она што во моментов е неспорно и кое со сигурност може да се констатира е дека во енергетските компании има голема финансиска дупка која се покрива од буџетот. И уште нешто што не е помалку важно – дека со вака структуриран електроенергетски систем, со неспособни и неелоквентни компромитирани мафијашки структури кои го водат овој сектор, на кризата не ú се гледа крајот.
Доволен доказ за ова беше синоќешниот пожар во близина на трафостаницата на МЕПСО 400/110 кВ Скопје 4, на 110 КВ далновод кон ТС 110/20 кВ Бунарџик, после кој половина Скопје остана без напојување со електрична енергија.
Неспособноста е главна карактеристика на актуелното раководство на двете енергетски компании МЕПСО и ЕЛЕМ. И покрај тоа што многу често со лажни вести се обидуваат да ја манипулираат македонската јавност, тие лажни информации по потреба ги доставуваат и до Владата.
Раководството на ЕЛЕМ во неколку наврати ја информира Владата дека компанијата е во одлична состојба и нема никави проблеми во призводството на електрична енергија. Додека, оваа “розова” состојба се презентира, фактичката состојба е далеку од добра. Во РЕК Битола има хавариски состојби во процесот на производство, како во термоелектраните, така и во рудниците. Багерските единици за ископ на јаглен се надвор од употреба подолго време, поради несовесно и нестручно работење на раководниот тим. Третиот блок е оштетен, и покрај тоа што беа предупредувани за лошите параметри на трансформаторската единица ја вклучија и ја запалија, со што предизвикаа дополнителна милионска штета .
Васко Ковачевски и раководниот тим уште од месец јули 2021 година биле свесни дека не може да биде испорачана планираната количина на електрична енергија од 2750 GWh во РЕК Битола.
Состојбата во РЕК Битола дополнително се влошува во втората половина на 2021 година, со фиктивните договори за ископ на јаглен кој милува да ги склучува Васко Ковачевски, без воопшто да биде испорачан ниту еден килограм јаглен, а исплатата е комплетна кон една “ПОЗНАТА” битолска компанија, која е во блиски односи со братот на поранешниот премиер.
Првата половина од 2021 година ЕЛЕМ склучила 6 договори во постапки со преговори без објавување на оглас со вкупна вредност од 9 милиони евра, а во втората половина од 2021 година склучила 12 вакви договори во вредност од дури 27 милиони евра, при што двата најголеми договори изнесуваат скоро 24 милиони евра и се склучени со една иста БИТОЛСКА компанија.
На почетокот на грејната сезона состојбата станува уште поалармантна бидејки поради фиктивните договори за ангажирање на надворешна механизација нема нов јаглен на депонија, а РЕК Битола ја завршува 2021 година со црн рекод на „шампионскиот“ тим, со околу 1700 GWh, што е за 1000 GWh помалку од планираните количини кои требало да бидат испорачани за 2021 година.
КОЈ И ЗОШТО не ја обезбедил оваа енергија? Зошто иако од ЈУЛИ 2021 година се знаело дека кусокот на енергија од РЕК Битола ќе биде огромен, не се обезбедила ефтина електрична енергија, која во тој момент изнесувала околу 50 евра/MWh на меѓународните берзи?
Ова го знаат само Васко Ковачевски и ЕКС Премиерот Зоран Заев. Дали Заев и Ковачевски наместо да обезбедат ефтина енергија, ја оставија државата да тоне во долгови? Поради лошата состојба и екстремно намаленото производство во РЕК Битола, кое пак е последица на партизирано раководство водено од партискиот интерес и лакомоста за пари на Вицето, овие двајца ликови знаеја дека ќе влеземе во енергетска криза, но не преземаа ништо.
Одговорност мора да има !!!”
-Соопштение на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.


