Како реакција на јавниот настап на Министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Љупчо Николовски а во насока на објективно посочување на фактите за состојбите во областа на земјоделието своја реакција до граѓаните упати Цветан Трупуновски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој во реакцијата преку конкретни бројки ја објаснува актуелната состојба со вработеноста во аграрниот сектор во споредба со минатото кога ВМРО-ДПМНЕ беше власт во државата:
“Денес испровоциран од лицемерниот настап на #ЉупчоНиколовски каде без срам и перде од петни жили се обидува да ја замајува јавноста, и неговите погубни политики во земјоделството да ги прикаже како развојни.
Затоа преку бројки и со факти сакам да го демантирам, а на јавноста да и ја презентирам реалната состојба во македонскиот аграр.
Во 2014 год. учеството на вработени во сектор земјоделство бил 18,5% или 127 438 вработени![]()
Во 2020 год. учеството било со 12% или изразено во бројка со 95 545 вработени.
Замислете за период од 6 години падот е 6,5 % или речиси 32 000 вработени помалку, заради Вашата неспособност 32 0000 поранешни вработени во секторот сега се социјални случаеви или аргатуваат во странство ![]()
Затоа “успешно” министерче по други пуТ ако сакаш да направиш добро за македонскиот аграр и руралната жена треба уште денес да го напуштиш Министерството.”
-стои во реакцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.


