Во текот на изминатата недела претставници на централната власт предводени од Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство на социјалните мрежи и ТВ каналите наголемо се пофалија со исплатата на субвенциите за тутунарите.
За доцнењето на субвенциите власта не пропушти да ја обвини опозицијата иако како власт се најодговорните за истите.
Поради ваквиот неуспех на земјоделските власти кои што со сите сили истиот се обидуваат во јавноста да го претстават за успех, своја реакција во јавноста упати Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ:
“Ниедна вода не може да ја измие неспоснобноста на СДСМ во земјоделството каде што направивте пепел и на ниедна ваша лага не верува ниту еден од земјоделците кои наместо да се радуваат кога ќе пристигне родот за продажба, кошмари ги мачат дали ќе го продадат своето производство и дали барем ќе си ги повратат средствата од вложеното, а тие ваши ,, успешни,, политики ја направија Македонија од извозно ориентирана во увозно зависна држава за храна која питачи кај комшиите за литар масло и килограм брашно.
Се чудам и кој ви дал за право да ги споменувате тутунарите? Истите оние кои ги омаловажувавте и дозволивте неколку години со ред да им се откупува тутунот по мизерни цени!
А фалбата: дека вашата грижа за нив ги исплатила субвенциите е крајно неморална и потценувачка кон тутунарите бидејќи со вашето недомаќинско работење и покрај изгласувањето на измените во законот кој немаше никаква врска со субвенциите, вас ви беа потребни скоро цел месец да почнете со исплата на истите со што докажавте пред сите дека немате пари во буџетот а тоа што две недели ги малтретиравте тутунарите да одат секој ден пред банки и да се молат дека тој ден можеби ќе има пари за нив точно ја покажува вашата грижа за земјоделците.
Затоа избори веднаш!!!”
-соопшти Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.


