Со развојот на Штип и демографската експанзија која ја доживеа со развојот на универзитетот “Гоце Делчев” во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ, неминовно се наметна потребата за проширување на одредени сообраќајни тесни грла во централното градско подрачје.
Денес како модерен регионален центар на Брегалничкиот регион Штип се соочува со актуелната политичка состојба во државата. Недостигот на поголема поддршка од страна на централната власт на СДСМ и ДУИ за граѓаните на Штип, со огромни напори се обидува да го надмина градоначалникот Иван Јорданов, кој со забрзано темпо ги реализира предвидените проекти.
Во текот на денешниот ден (иако викенд) градоначалникот Јорданов соопшти дека започна изградбата на конзолното проширување на една од улиците во централното градско подрачје што како проект е особено значајно за подобрување на сообраќајните услови и во крајна линија условите за живот на штипјани.
“Од денес почнуваме со градежни активности за доградба на конзоли на дел од делница 1, долж улицата Васил Главинов.
Намалувањето на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје станува реалност!”
-соопшти Градоначалникот на Штип Иван Јорданов во врска со отпочнувањето на овој проект.