Денеска на градските гробишта во Кавадарци беше одбележана 27 годишнината од убиството на војникот Петре Тодоровски кој загина во Словенија во текот на немирите меѓу демонстрантите од оваа поранешна југословенска република и војската на ЈНА во 1991 година во чии што редови служеше кавадарчанецот Петре Тодоровски.
Делегација од кабинетот на градоначалникот, од советот на општината како и претставници од сојузот на борци Кавадарци, во присуство на семејството, пред неговиот гроб положија букети свежо цвеќе.
Кавадарчаните Петре Тодоровски, Сашко Гешовски, Мишко Митрев, пред 27 години во 1991 година кога започна да се распаѓа поранешна Југославија, се најдоа во хаосот, како и многу други, македонски момчиња, чија младост штотуку започнуваше, а згасна прерано.
Тодоровски беше убиен на стражарското место во касарна во Љубљана.
Извор: Општина Кавадарци


