• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: “Граѓаните со своите животи и животите на нивните најблиски ја плаќаат цената за неспособноста на СДСМ”

јули 28th, 2018 Македонија коментари 941

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Дафина Стојановска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција од седиштето на партијата ја обвини владеачката СДСМ за крајно неодговорната и неспособна политика во Македонското здравство.

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Давина Стојановскиа:

Македонското здравство е во колапс, а хаос владее во сите здравствени институции. Најтрагично е што граѓаните со своите животи и животите на нивните најблиски ја плаќаат цената за неспособноста на СДСМ.

За помалку од недела дена четири деца завршија во кома поради дијабетис кој претходно не бил дијагностициран. Како резултат на ненавремена дијагноза четири детски животи беа ставени во ризик, а ризикот за трајни последици по нивното здравје и понатаму постои. Министерството за здравство и СДСМ за случајот ги обвинија родителите на децата.

За месец дена три родилки ги загубија своите животи, а за еден од случаите постои и сериозен сомнеж дека надлежните институции се обиделе да го сокријат од јавноста. Во случајот со смртта на родилката од Гевгелија ги видовме роднините како обвинуваат за лекарска грешка, но од здравство повторно молк. Одговори и одговорност нема, а продолжува црната статистика за починати родилки во државата.

Кличникот Центар во Скопје, од ден во ден личи се повеќе на депонијата Дрисла, отколку на болница каде се лекуваат болни и изнемоштени лица чиј имунитет е сериозно нарушен. Поради ваквката негрижа и неспособност постои и сериозна опасност од ширење на заразни болести кои им се закануваат на пациентите. Одговорност, повторно нема. Недостасува уште да ги обвинат пациентите дека тие се виновни што не се организираат да го исчистат дворот. Виновни се сите, само не и СДСМ и неспособноста на Зоран Заев и кадрите кои ги форсира во здравството..

Во 21 век, во земја која се наоѓа на тлото на Европа, повторно постои опасност од сериозна епидемија на морбили. Пред неколу дена јавно беше објавено дека е регистриран сериозен број на заразени од морбили во Дебар, бројка која достигна 20 заболени, а постои ризик бројот на пациенти со оваа дијагноза да расте. Сосема очекувано, повторно нема никаква одговорност од СДСМ, Зоран Заев и неговите кадри во здравството.

Додека македонското здравство е пред тотален колапс, министерот Венко Филипче се шета со парите на граѓаните по семинари ширум Европа.

Филипче не го интересира здравјето на граѓаните, тој е единствено заинтересиран за сомнителни тендерски постапки и богатење на грбот на граѓаните. Додека невини граѓани ги губат своите животи во македонското здравство, фантомски фирми добиваат милионски тендери за да задоволат нечии апетити. СДСМ сакаше да додели неверојатни 35 милиони евра на фирма која е формирана само четири месеци пред да го добие милионскиот тендер.

Во минатото секоја болница сама си набавуваше реагенси и имаше десетина компании од кои се набавуваа реагенси, но откако минатиот месец министерот Венко Филипче забрани болниците сами да набавуваат реагенси за нивните лаборатории, се случи милионскиот скандал, затоа што сега парите ќе ги добива само компанијата „АХР ЛАБ увоз-извоз’’ која ќе повторам е формирана пред само четири месеци. Дополнителен проблем за пациентите е тоа што новиот централизиран систем ќе претставува натамошна компликација при транспортот на крвта и навременото добивање на резултатите од кои може да зависат некои итни дијагнози.

Нормално, и за овој скандал виновни се кртовите во министерството, медиумите и опозицијата. Виновни се сите, само не и неспособното раководство на СДСМ.

Ова што го гледаме е срам за македонското здравство.

Факт е дека во моментов функционерите на СДСМ се чувствуваат премногу моќни бидејќи ги штити Зоран Заев кој го има поклопено и судството и обвинителството. Факт е дека во моментов на министерот Филипче му се може да каже дека не помислува на оставка, бидејќи слепо ги следи политиките на Зоран Заев. Факт е дека се чувствуваат доволно сигурни и заштитени за да ги изберат бизнис интересите на криминалниот клан на власта, пред интересите на граѓаните.

Сепак, факт е дека ова расипништво, неодговорност и криминал не може да траат вечно. Одговорност ќе има. Што порано, тоа подобро. Органите на прогонот мора да се разбудат и да почнат да работат по закон. Венко Филипче, без разлика на заштитата која што ја има од Заев, мора да си даде оставка и да овозможи независна истрага. Државата не смее да биде заложник на СДСМ. Македонија мора да победи и ќе победи.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Радосна вест во семејството на пратеникот Антонио Милошоски
Следна објава Официјалните портрети на Барак и Мишел Обама
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 560
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 540
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 529
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1189
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 510
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 592
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 320
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 404
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 557
Жена на денот
Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

Силви Факон и нејзините неверојатно рачно изработени фустани

633
Маж на денот
Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

2037
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4272
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија
Македонска бесмртност

"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија

Јул 5th, 201919
Откако Благој Бочварски избега од градоначалничката функција во Штип, остави огромни проблеми кои денес се решаваат
Регион

Откако Благој Бочварски избега од градоначалничката функција во Штип, остави огромни проблеми кои денес се решаваат

Авг 12th, 202218
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

Ное 21st, 202217
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.