Сребрен и бронзен медал за младите и борбени каратистки од Виница , Ања Георгиева и Марија Данилова на Европскиот карате куп во традиционално карате за деца, кадети и јуниори организирано од страна на Македонската Традиционална Карате Федерација (МТКФ) кој се одржа во Скопје.

Учество земаа натпреварувачи од осум европски држави (Русија, Босна и Херцеговина, Србија, Романија, Чешка, Кипар, Ерменија, Грција и домаќинот Македонија).
Со двајца натпреварувачи зеде учество и Карате клубот “Блатец“. Ања Георгиева во дисциплина КАТИ, во категоријата пионери (10-11 години) го освои сребрениот медал, додека Марија Данилова го освои третото место во категоријата кадети.
