Ова е сметка издадена од јавното претпријатие Градски Паркинг “Мајка Тереза” која што е на јазик различен од службениот јазик во Република Македонија а тоа е (барем колку што знаеме ние)- Македонскиот јазик.
Се чини дека се остварија најавите на Зоран Заев и СДСМ од 2016 година дека нема да има двојазичност во државата, па така доследно е спроведена еднојазичност за сите граѓани во Македонија со наметнување на некој нов службен јазик за општо користење во државата или барем на територијата на Клинички Центар Мајка Тереза.
Мноштво од граѓаните кои што плаќаат вакви сметки од истокот на државата, ги фаќа сериозна паника да не прогласиле федерализација некој на таа територија, а за тоа тие да не знаат, надевајки се дека нема да ги сретне барем гранична полиција некаде пред влез на Клиничкиот Центар во Скопје.
Надлежните во ЈП “Градски паркинг” Мајка Тереза Скопје мудро молчат за ваквата состојба.
-Фото извор https://twitter.com/JankoIlkovski/status/1556563439706939393 и www.off.net.mk