• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Александар Николоски: коцкањето од страна на СДСМ ја носи државата во слепа улица

декември 14th, 2019 Македонија, Политика коментари 640

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Александар Николоски: коцкањето од страна на СДСМ ја носи државата во слепа улица

Денеска на прес конференција Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ги разобличи намерите на власта за неуспехот на преговорите и процесот а измени и дополнувања на изборниот законик да ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ впрочем истото го прави подолг период наназад иако ја има апсолутната власт во државата за несуспехот речиси на сите полиња вината да ја префрли на опозицијата.

Во продолжение во целост интегрално ја пренесуваме прес конференцијата на Александар Николоски:

“Би сакал да ве информирам дека преговорите за Изборниот законик практично влегоа во ќор сокак. Но, по вина на власта којашто на подмолен и недемократски начин, сака да протурка решенија во парламентот без  претходна дебата и без спротивставување на аргументите.

Заев и СДСМ не се искрени кога вината ја насочуваат кон опозицијата, затоа што нивното коцкање со државата ја носи државата во слепа улица. Ваквото барање само го зголемува сомнежот дека за таквите измени стои стравот од пораз на изборите коишто доаѓаат и мотивите да се злоупотреби изборниот процес, со цел да се фалсификува волјата на граѓаните. Не се случило до сега да се менува изборен модел без консензус, не се случило до сега да се менува изборен модел без да учествуваат сите политички во дискусијата за истиот или барем најголемите. Ако целта на  Заев е да избега од избори и ова да го користи како изговор, треба да знае дека бегање од волјата на граѓаните нема и ќе биде поразен на следните избори, коишто ќе се случат на 12-ти април, бегање од избори нема и бегање од волјата на граѓаните нема. Да почнеме со ред, вистината е следна и би сакал да ја споделам со вас. Во изминатите неколку месеци постоеше интензивна комуникација на неформално ниво помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во којашто беше договорено и имаше за цел изнаоѓање на консензус по однос на изборниот модел, како и имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР коишто се суштински за фер и демократски избори. Беше постигнат напредок на почетокот на оваа недела, и напредокот се однесуваше на тоа дека и покрај тоа што СДСМ поднесе законски решенија во собранието, истите да бидат преформулирани, во моментот кога ќе се постигне финално решение. Решението требаше да се однесува како што кажав на двете работи, изборен модел и имплементација на  препораките на ОБСЕ и ОДИХР за слободни фер и демократски избори коишто се однесуваат на изборите 2016-та, 2017-та и 2019-та година. Нашиот став и тогаш и сега беше дека не треба да се брза, туку дека треба да се вклучи целокупната експертска јавност и да се има јавна дебата на која ќе се искристализираат најдобрите решенија. За нас најдобро решение коешто дава најдобар индивидуалитет на пратениците и поврзаност со гласачите од средините од коишто доаѓаат е чистиот мнозински модел по примерот на Велика Британија, Канада и САД. Разговорите беа успешни до пред неколку дена и беше постигнат усмен договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Практично заедничкиот став требаше да даде позитивен импулс и ги содржеше следниве поенти коишто сакам да ги прочитам. Со оглед дека за овие избори согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР, објективно нема доволно време за имплементација на нов изборен модел, како и дека за промена на изборен модел потребни се широки општествени и политички дебати и консензус, двете партии се согласија дека веднаш по завршувањето на парламентарните избори во 2020 година, ќе пристапат во интензивни преговори во насока на постигнување на таков консензус. И втора поента сите прашања во врска со модалитетите и имплементацијата ќе бидат дефинирани на експертско ниво.

Сето ова падна во вода, кога СДСМ реши на сила, шверцерски и еднострано да ги турка нивните  решенија низ собраниската процедура без консензус, без широка поддршка и без експертска анализа, спротивно на заложбите од неформалните контакти коишто ги имавме изминативе неколку месеци. Практично уште еднаш на дело имаме тиранија на партијата на власт над останатите политички групи во собранието.

Навистина е нејасно како за СДСМ и Заев беше прифатливо до пред некој ден да не се брза со носење на решенија за Изборниот законик, и за истото решение по изборите да се бара широк политички и општествен консензус, како што е редот, а сега истото се поништува и на сила се туркаат измени на Изборниот законик. Нема ниту еднаш ваков случај во нашата парламентарна историја на сила да се носат измени на Изборниот законик. И исто како во законот за јазици поради ова лицемерие на Заев и СДСМ и овој проект ќе им се удри од ѕид. На сила и со едноумие, не се владее. СДСМ не може да ја множи со нула волјата на граѓаните, не може да ја множи со нула волјата на опозицијата и останатите политички партии во собранието. Овие измени се предлагаат не да и донесат добро на Македонија, туку за да внесат дополнителен хаос и спомнав ако целта на Заев е да избега од избори тоа нема да му успее. А ако целта е исто така да се заборави на аферите коишто секојдневно еруптираат исто така тоа нема да му успее затоа што примарен интерес на граѓаните е да дознаат како владее оваа власт, а не кој изборен модел ќе го има.

Првиот и најзагрижувачки момент е што овие номинации доаѓаат практично на две недели пред оставката на претседателот на владата и воведување на техничка влада, значи во класичен предизборен период. Па се поставува логичното прашање, како после промената на власта, таа власт би соработувала со решенија кои што се избрзани, партиски именувани и далеко од стручни.? Второ големиот број на предлози, покажува дека во последен момент да се наполнат Амбасадите не со стручни кадри, не со посветени кадри, ако сакае не и со кадри кои што имаат политичко знаење и ќе можат да одговорат политички на предизвиците кои што и следуваат на Македонија, затоа што ни се потребни и такви кадри,  туку исклучиво со кадри што се блиски на актуелната власт. Трето, лицемерието да брзаат да ги пратат кандидатите по стариот Закон, односно по постојниот Закон за надворешни работи, а во исто време форсираат нов Закон по кој што закон никој од овие кандидати не ги исполнува условите, само покажува со какви луѓе имаме работа.

Од една страна Никола Димитров предлага измени на Законот за надворешни работи, а од друга страна предлага амбасадори по стариот Закон за надворешни работи, а по новиот Закон истите овие луѓе не ги исполнуваат условите.  Да е парадоксот најголем дури и Никола Димитров не ги исполнува условите за Амбасадор по новиот Закон што го предлага, што е штета нели секогаш во минатото очекувал ВМРО-ДПМНЕ да го праќа за Амбасадор, па еве ќе му се ускрати една можност за во иднина.

Четврто, се проблематизира целиот процес затоа што имаме крајно некредибилни луѓе кои што се испраќаат. Јас за разлика од Бујар Османи, нема да ги коментирам имињата затоа што без разлика на се ја почитувам дипломатската пракса и нема да о уништувам дипломатскиот углед на Македонија, затоа што правилата се јасни, не се излегува со име за кандидат за Амбасадор, додека истиот не добие агреман односно не биде прифатен од државата односно организацијата во која што се испраќа. Најголема навреда за државата односно организацијата во која што се испраќа ополномоштен амбасадор е вие да го соопштите името пред истата држава да се согласи, односно да даде агреман дека истиот може да е претставник на Македонија во таа држава. И во таа насока, очигледно некои функционери во владата без разлика што долги години седат таму не ги прочитале основните кодекси и не ги прочитале основните правила на однесување. Понатаму, не се само амбасадорите, сакаат во време на практично две недели до техничка влада да испратат 25 до 26 дипломати од Министерството за надворешни работи на втори и трети позиции. На позиции практично на прв секретар, на втор секретар и трет секретар. Овој процес исто така отиде далеку од јавноста, нетранспарентен и колку што сме информирани без вклучување на соодветниот дипломатски синдикат. Со тоа целиот овој процес се проблематизира. Идникативно е што владата три години не може да смисли основен концепт за дипломатската мрежа како и за персонални решенија. Индикативно е што им требаа две години за да назначат конзули во Истанбул, Солун, Мелбурн, Торонто  и останатите конзулати иако за тоа не е потребна согласност со претседателот на државата, односно владата самостојно именува конзули како и што е индикативно е дека им требаа повеќе од 8 месец да се усогласат со претседателот на државата кој што гледаме и самиот не е среќен со ваквото испраќање на амбасадори пред избори. И она што е клучно е што практично имаме две годишно доцнење во целосното покривање на дипломатската мрежа и имаме никаква реализиација на економската дипломатија која што на голема врата беше најавувана од потпретседателот на владата Кочо Анѓушев, која што според нас е потребна и која што треба да е основа на дипломатската активност на Македонија, затоа што како мала држава Македонија треба да се насочи кон штитење на своите интереси, но исто така и кон силна економска активност. Практично, инвестирајте во Македонија не постои, а во македонските амбасади не постојат луѓе кои што ќе се занимаваат со привлекување на инвеститори и промовирање на македонскиот извоз.

Истиот овој едностран однос, истиот овој однос на неконсултирање на опозицијата во услови кога е извесно дека опозицијата ќе победи и ќе ја формира следната влада се гледа и во Изборниот законик и во именувањето на дипломатско конзуларните претставници, а истите можевме да го видиме од страна на Димитров и Заев во процесот на преговори за името кога ја исклучија целокупната експертска јавност, за разлика од Грците кои што вклучија над 60 експерти и видовме резултатот заврши како што заврши, полош не можеше да биде. “

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Никола Груевски: Рената Десковска да се погледне во огледало пред вината да ја бара кај било кој друг
Следна објава Крум Николовски: БЕЗ НАСЛОВ НО СО ПОВОД
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 720
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 649
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 674
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1328
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 606
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 701
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 372
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 464
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 679
Жена на денот
Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

1269
Маж на денот
Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

Неверојатни факти за фасцинантниот Стинг

1975
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1497
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ
Македонија

Љубомир Цуцуловски: ПРЕОБРАЗУВАЊЕ

Мар 7th, 201920
ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!
Македонија

ДОАЃА ТОПЛОTEН БPAH ОД АФРИКА - Температурите ќе достигнат и до 40 степени!

Јун 21st, 201919
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201818
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.