• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Александар Николоски – Пустошот на Заев и неговата влада е преголем, но ВМРО-ДПМНЕ веќе има план како да ја исправи оваа земја, тоа многу пати сме го докажале

ноември 10th, 2018 Македонија коментари 810

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

“ Секоја политичка партија тежнее да дојде на власт за да ги спроведе своите политики, да создаде нови проекти, да отвори нови работни места, да го подигне животниот стандард на народот и да ги спроведе државните политики. Цел на секоја политичка партија е кога ќе дојде на власт да создаде подобар живот за граѓаните и да ги спроведува државните стратегиски политики. И така, СДСМ за време на парламентарните избори во 2016 ветуваше дека ќе донесе живот за сите во Македонија. Наместо живот донесе криминални тендери, хаос во здравството и пустош во економијата.

СДСМ воведе нешто ново на политичката сцена, наместо подобрување на економијата, СДСМ започна кампања за промена на името. Започна со една силна кампања во која го лажеше народот дека треба уште само името да го промениме и како со магично стапче сè ќе биде во ред. Дека името е тоа што нè блокира и дека Македонија е пред портите на рајот доколку го промени името. Заев ветуваше дека откако ќе го започнат процесот за промена на името Македонија граѓаните ќе живеат подобро. Не само што граѓаните не живеат подобро, туку Владата деновиве започна даночна „реформа“ која е на директна штета на граѓаните. Оваа реформа претставува реформа за осиромашување на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ кога победи на изборите во 2006 воведе рамен данок што овозможи силно да се зголеми економската активност во Македонија и една година подоцна тоа вроди со плод и македонската економија имаше 7 проценти раст. За споредба, во првата година од владеењето на СДСМ имаме стапка на раст од само 2 проценти. Додека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кратеше даноци, а економијата беше во постојан раст, СДСМ има план за живот и зголемува даноци, а економијата тоне.

Така во овој план на СДСМ се предвидува зголемување на персоналниот данок од 10 отсто на 18 отсто. Потоа оваа даночна „реформа“ предвидува и зголемување од 10 до 15 отсто на данокот за сите кои издаваат стан или дуќан под кирија. Првпат во Република Македонија ќе бидат оданочувани заштедите што ги имаат граѓаните со 15 проценти. Ова е нешто што никој никогаш не ни помислил да го направи. И тука даночната „реформа“ не застанува, владата предвидува и оданочување на дивидендите, односно акциите. Акции во Македонија немаат само олигарсите на СДСМ, туку има и граѓани кои што ги наследиле од 90-тите години на минатиот век и овие малку акции што граѓаните ги имаат носат некаков приход во нивниот домашен буџет. Власта и министерот треба да знаат дека зголемени даноци носат помали приходи во буџетот на државата, ја стимулираат даночната евазија и се зголемува сивата економија. Математиката и проекциите не треба секогаш да произлегуваат од кабинетот на министерот. СДСМ немаат чувство за реалноста затворени во своите кабинети и треба да се свесни дека наместо поголеми приходи во буџетот ќе се случи токму обратното, ќе имаат многу помал приход во буџетот. Ќе ја искористам оваа шанса да ги потсетам исто така дека основна задача на секоја влада е да овозможи успешна и ефикасна наплата на даноците. На нивната неспособност укажува и фактот дека на иста економска активност во Западна Македонија има драстичен пад на приходите од ДДВ. Тоа укажува на фактот дека во моментов веќе е започната даночната евазија.

Со оваа даночна економија СДСМ нема да ја стимулира економијата, напротив ќе ги стимулира младите ИТ-инженери, популарните фриленсери да избегаат од Македонија. Со оваа „реформа“ ќе си заминат од државава сите доктори, сите машински и електроинженери, од Македонија ќе си замине најдобриот млад кадар. Што прави владата предводена од Заев и Тевдовски за да останат младите во Македонија? Оваа влада ги лажеше граѓаните за време на предизборната кампања дека ќе се враќале 15 отсто од собраниот данок на додадена вредност доколку граѓаните приложат сметки. Од ова ветување нема ништо. Бизнис-заедницата исто така укажува дека оваа владина мерка е целосно погрешна бидејќи со ова не само што нема да се отворат нови работни места, напротив многу бизнисмени нема да можат да ја издржат оваа нова фискална политика и дел од работниците ќе останат или без работа, или нивната плата ќе биде намалена. Со оваа мерка за зголемување на даноците неизбежно ќе биде и намалувањето на инвестициите и нема да се отвораат нови работни места. Силна економија се гради со креирање нови работни места, а не со зголемување на даноци.

ВМРО-ДПМНЕ подготвува своја програма и во неа е предвиден повторно рамниот данок, а за младите што носат приходи, наука, знаење и искуство од странство предвидува дури и намалување на даноците. Една успешна влада намалува даноци со цел да стимулира економија. Влада која има 27 отсто реализација на капитални инвестиции и направи пустош во економијата зголемува даноци. Заев и Димитров го лажеа македонскиот народ со нивната скапа кампања „За Европска Македонија“. Македонија нема да биде дел од Европската Унија доколку министрите не ги засукаат ракавите и не започнат со реформи. Македонија нема да добие датум за преговори доколку не започнат реформите. Заев и Димитров и уште десет пати да го сменат името нема да ја придвижат македонската економија. Економијата се подобрува со посветена работа, со реализација на капитални проекти, со отворање на нови работни места, со стимулирање на младите да останат во државата, а не со менување на името на државата. Оваа влада одлучи и име да ни менува и народ да осиромашува. Во следниот период ќе излеземе со конкретна програма за стабилен економски раст. И ќе ја спроведеме веднаш штом имаме можност да ја водиме Владата. Нема да биде лесно зашто СДСМ повторно остава економски пустош. Но покажавме во минатото дека знаеме да ја придвижиме Македонија и економијата да расте, луѓето да имаат повисоки плати и да се посреќни. Веќе искусниот економски тим, надграден со нови млади експерти е тимот што ги има сите одговори за економски напредок и благосостојба на Македонија во третата декада на 21 век.”

– Колумна на Александар Николоски ,

потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

( за Независен.мк)

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Стевчо Јакимовски: -Не значи дека ако молчиме, дека не се подготвуваме
Следна објава Тања Каракамишева - Режија, сценарио, манипулација, каква пародија и монти пајтон држава станавме
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 532
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 511
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 517
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1163
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 495
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 563
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 301
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 382
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 528
Жена на денот
Работната облека на Лаура Велс

Работната облека на Лаура Велс

494
Маж на денот
Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

1911
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201821
15  најстрашни музички дела на класична музика
Забава

15 најстрашни музички дела на класична музика

Дек 19th, 201919
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.