• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Стевчо Јакимовски: -Не значи дека ако молчиме, дека не се подготвуваме

ноември 10th, 2018 Македонија коментари 621

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Стевчо Јакимовски: -Не значи дека ако молчиме, дека не се подготвуваме

“ Додека СДСМ беше во опозиција, главен проблем во државава беше – амбиенталниот воздух. Нормално, неговата загаденост. Најмалку беше битно загадувањето од огревното дрво, ќумурот и возилата, а најголем акцент се ставаше на градежната експанзија. Демек, таа најмногу го загадувала воздухот со таканаречените ПМ10 честички. Денес, амбиенталниот воздух не е најголемиот проблем. Затоа што, истиот тој воздух го дишел и Шилегов. Барем така тој вели. Иако, Скопје е на шесто место по загаденост – во светот се разбира.

Како ли баш сега се расипаа мерните станици и не се поправаат? Додека јас бев градоначалник, најзагаден беше Карпош. Сега, најзагадено е Гази Баба и Центар. Што е и нормално, затоа што најголемата концентрација на фабрики е во Гази Баба, а најмногу возила има во Центар. Но, Карпош беше таргетот пред изборите 2017. година. За се беше виновен тогашниот градоначалник – јас. Денес Карпош не е загаден. За жал во штелуваните бројки, кумуваа и невладините организации. Оние кои наводно ја мереа количината на загаденост на амбиенталниот воздух. Се преваранти до преваранти. Денес ги нема да гукнат невладините организации!

Кога СДСМ е на власт, воздухот си е воздух. Нема што да му се прави. Сега тие имаат нов таргет – кучњиата скитници. Секојдневно водат кампањи против нив. Наумиле да ги испоубиваат, па тоа ти е. Капак на сѐ е и несреќниот случај со девојката од Гостивар. Овој несреќен случај, за жал, оди во прилог на нивната кампања. Намислиле и ќе ги уништуваат кучињата. Одеа со затварање на своите политички противници со поднесување на кривични пријави. Го иструментализираа судството до бескрај. Сега немаат на кого, а се окомија на кучињата – скитници. Па тие ли се најголемиот проблем во државата? Со денови го замајуваат народот со оваа приказна. Половина време од вестите на режимските телевизии е за кучињата скитници, а половина за ВМРО-ДПМНЕ. За ВМРО-ДПМНЕ се теми за тоа како се распаѓа, како е анти-американска и анти-европска, за новата пратеничка група излезена од ВМРО-ДПМНЕ. Се им е токму во земјава, само ВМРО-ДПМНЕ и кучињата не им чинат. Се сложувам, што има толку многу кучиња скитници во центарот на градот не е добро. Не чини и ВМРО-ДПМНЕ, и тоа сега кога го нема Груевски, Мијалков, Гордана Јанкуловска, Јанакиевски, Тодоров итн. Ако ВМРО-ДПМНЕ не чини, сакам да ги прашам – што чини кај СДСМ?

Имате ли бе, идиоти, да кажете барем нешто добро за СДСМ?! Една тронка! Еден потег! ВМРО-ДПМНЕ две години не е на власт и за истите оние што го напаѓаа додека ја водеше владата, приказната продолжува и понатаму. Со замајување на народот за никаквата опозиција. А, каква е власта не е битно. Тоа што плукаат по опозицијата, што прават медиумски циркус, перење на мозоци, ни малку не им го прави подобар животот на граѓаните. Оној што е задолжен за тоа е СДСМ. За него критики нема. Ваков медиумски мрак ниту бил, ниту ќе биде. Слепило! Дојдовме до дното, не може да го фалат СДСМ, затоа што сѐ што допреа испоганија.

Го испоганија обвинителството, судството, Уставниот суд. Ја посрамотија МАНУ, ја понижија црквата, ги ставија во шише медиумите, на бизнисот му ја е…. мајката, креваат даноци, придонеси, се задолжуваат и тоа што го земаат од народот не знаат како да го потрошат. Кога бе народе, ребаланс на буџет се правел во ноември? Наместо да зборуваме за буџет за 2019. година, ние зборуваме за ребаланс во 2018. година. Секој втор тендер им е криминал. Груевски го судат за набавка на „Мерцедес“, а тие секое возило што досега го купија е од донаторот им „из Куманова“. Оној потпретседателот на влада, како се викаше, Кочо Анѓушев – не можеш да го зауздаш. Го фрлаш низ прозор, ти се враќа низ оџак. Таман на едно место ќе го запреме да не земе пари, тој земал од друга страна. Ако не друго, барем концсија. Во спортот – пораз до пораз. Не тепа, кој ќе стигне.

Нема потези во земјоделието, полош министер за финансии ниту имало, ниту ќе имаме. Еден мој прјател, кој што води голем бизнис ми вели дека имал 1.600 коминтенти. Се чуди како СДСМ мисли да оди на избори кога ниту еден од овие 1.600 коминтенти не зборува добро за власта! Но, за медиумите сето ова не е битно. Битно е да се спасат осумтемина предавници. Да се спасат од јавниот срам, народната анатема и клетвите што им ги праќа секој Македонец. Таман на 30. септември покажавме дека сме народ со достоинство, СДСМ се потруди да не понижи. За потсмев сме во регионот. На една дебатна емисија во Хрватска еден говорник вели вака: „Само у Македонији ‘Не’ значи ‘Да’. Само у Македонији ако ти фали заступник (пратеник) идеш у тужилаштво и у суд и то купујеш као у драгстору. Колико ти заступника треба, толико ти правосдуни органи испоруче. Права трговина.“ За жал, ова е суровата вистина за Македонија. И бидејќи режимските медиуми немаат што добро да кажат за власта, во надеж дека еден убав сончев ден ќе проработи СДСМ-овската машина, тие заедно со злосторниците во власта купуваат време. Времето го купуваат со тоа што, нивната пропаганда постојано го замајува народот со ВМРО-ДПМНЕ.

А, СДСМ нека ни е жив и здрав. Воопшто не е битно што во Уставот на мала врата од преамбулата ќе се тргне АСНОМ, а ќе се воведе Рамковниот договор. Поставувам неколку прашања: – Што е Рамковниот договор битен, на пример, за Ромите во Македонија, или пак за Власите? – Зошто во преамбулата не го ставиме, на пример, и Пржинскиот договор, па и Преспанскиот – затоа што причина за промена на Уставот е токму Преспанскиот договор, и ова ќе биде сосема поразлична држава од онаа за која што гласавме во 1991. година на референдумот. Одговорете ми бе луѓе, дали во Босанскиот устав во преамбулата стои Дејтонскиот мировен договор? Тој да биде цитиран во преамбулата на уставот на БиХ има 100 пати повеќе причини отколку да биде вметнат Рамковниот во нашиот Устав. Со Дејтонскиот мировен договор се запре војна меѓу три држави – Србија, БиХ и Хрватска. Оттогаш па наваму, Босна е поделена на босанско-херцеговска федерација и Р.Српска. Република Српска претходно не постоеше во уставот на БиХ. Со ставање на Охридскиот рамковен договор во Уставот, дефинитивно стануваме бинационална држава. Гарантирам! Ако си бинационална држава не можеш да бидеш унитарна.

Единствена бинационална држава во светот е Белгија, а е унитарна затоа што во Брисел е седиштето на ЕУ, затоа што Фламанците и Фландријците не се раздвојуваат поради благодетот што го уживаат од ЕУ. Швајцарија на пример, е повеќенационална држава но не е унитарна – таа е кантонизирана. Ќе бидеме веројатно живи и здрави за да доживееме, кога токму овој Уставен основ од преамбулата ќе се користи како причина за кантонизација и федерализација на Македонија. Но, не е битно што прави СДСМ. Битно е ВМРО-ДПМНЕ. Паричките што ги земаат со разни проекти од УСАИД и останата булумента додека беа во опозиција ги користеа за да плукаат по ВМРО-ДПМНЕ, денес овие пари ги земаат за да молчат и да зборуваат за кучињата скитници, се разбира. Кутрите тие колку ли се трудат да ги заштитат осумтемина предавници. Колку медиумски простор им даваат – колку ли само ја форсираат Елизабета Канческа – Милевска. За жалење е жената. Кога ја гледам како држи прес конференции, не можам да се изначудам. Да бев на нејзино место, ако притисокот и бил толку голем, како и заканите дека ќе одговара за пет тешки кривичи дела, побрзо ќе испиев неколку грама цијанид на говорница во Собранието и како Ѕвонимир Праљак во Хаг ќе станев херој, отколку вака да бидам бедник пред микрофон. Наместо да се сокрие да не ја гледа народ, таа продолжува дури со пратеничкиот мандат, и како шеф на пратеничка група.

Подобро да испиеш отров и да бидеш под земја, отколку да и служиш на мафијата и да бидеш понижен. Нема крај, штом си со мафијата, голготата не завршува со гласањето на уставните амандмани. Уште многу случувања ќе треба да направи – за јазици, за специјални обвинителства, за одземање на мандати на пратеници, за нови двотретински закони. Ќе гласа и уште ќе ја брани владата и нејзините глупави потези, а тие ќе си поигруваат со нејзе. Малку ќе ги одлагаат судските процеси, па ќе донесат некоја пресуда, ќе биде во исчекување на одлуката на Апелација, па тој предметот ќе го врати повторно во прв степен – и се така во надеж за пуста слобода, до нови избори. Обидот со приказната за помирување е провидна како бистра вода. Кутрите тие денес направија состанок, ама воопшто не знаат зошто го направиле и која е целта на комисијата за помирување.

Што се однесува до мене, јас сум против помирување! Нема зашто да се мириме кога СДСМ е на власт. Нека продолжи со апсење, со кривични пријави, со притвори, тортури, со неразјаснети убиства, со медиумско насилие, со местење на тендери, со политички судски пресуди. Нека продолжи и нема зошто да се мириме. Кога ќе ги турнеме од власт, ќе им вратиме петкратно! Мислат дека опозицијата ја замолчија, ја затвараат, ја истребија – сега се на ред кучињата. Нека не се секираат, опозицијата е пожилава и од кучињта скитници. Не значи дека ако молчиме, дека не се подготвуваме.” – Колумна на Стевчо Јакимовски

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Горазд Росоклија – SCHADENFREUDE
Следна објава Александар Николоски - Пустошот на Заев и неговата влада е преголем, но ВМРО-ДПМНЕ веќе има план како да ја исправи оваа земја, тоа многу пати сме го докажале
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 506
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 483
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 491
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1139
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 472
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 535
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 276
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 355
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 500
Жена на денот
Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

1202
Маж на денот
Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

Ентони Хопкинс - моќ кон сите човечки дарби

1996
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец
Што да се прави?

Празнување на Ѓурѓовден во Пијанец

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
После караванот-кучиња: Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници вели Дескоска
Македонија

После караванот-кучиња: Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници вели Дескоска

Сеп 21st, 201925
Горазд Росоклија -  ЕДНА МИСЛА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ
Македонија

Горазд Росоклија - ЕДНА МИСЛА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ

Мар 12th, 201924
Колку нови пратеници ќе влезат во македонското Собрание!?
Македонија

Колку нови пратеници ќе влезат во македонското Собрание!?

Окт 25th, 201722
Во Чешка се случува востание на слободарскиот народ
Европа

Во Чешка се случува востание на слободарскиот народ

Сеп 4th, 202221
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.