Во богата меѓународна политичка агенда во наредните неколку денови Потпретседателот на ВМРО-ДПМЕ, Александар Николоски, ќе има серија на средби во кои повторно ќе ја афирмира вистината за политичките состојби во Македонија.
Во продолжение го пренесуваме интегрално соопштението упатено до јавноста од страна на Николоски до Македонската јавност:
Повторно во Стразбур на сесијата на ПС на Совет на Европа да ја кажам вистината за Македонија
Во следните три дена учествувам на летната сесија на Парламентарно собрание на Совет на Европа во Стразбург. Тука сум на покана на Совет на Европа како почесен член, кое го стекнав заради ангажманот на високи позиции во Советот и резултатите кои ги постигнав.
Сесијата на ПС на Совет на Европа е посебно интересна затоа што на неа се одбележува 70-тата годишнина од Советот на Европа, како најстара европска организација основана во 1949г.
Исто така Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе го избере новиот генерален секретар на Организацијата.
На 24ти јуни Амели Де Монтхалин, Францускиот министер за европски прашања, ќе има свое обраќање, а на 26ти јуни пред собранието ќе се обрати Марсело Ребело де Соуза, Претседател на Португалија.
Точките на дневниот ред вклучуваат и дебата за убиството на Дафне Каруана Галиција и владеењето на правото во Малта, дебата за борбата против насилството врз жените и постигнување на родова еднаквост, запирање на насилството врз децата, изјава на специјалиниот известувач на на Обединетите нации за продажба и сексуална ескплоатација на деца Мод де Бур Букикио.
Собранието исто така ќе разговара околу ситуацијата во Сирија, пост мониторинг дијалог со Бугарија, ќе се разговара и за убиството на Борис Немцов и санкции и мерки од страна на земјите членки, како и за Буџетот на Советот на Европа и Парламентарното Собрание. Покрај ова ќе има и слободна дебата.
Учеството на сесијата ќе го искористам за бројни билатерлни средби. Денеска остварив средба со Претседателот на Европската Народна Партија Жозеф Дол кој исто така учествува на сесијата.
-напиша на фејсбук Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.