• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Александар Николовски – Никогаш северна, секогаш Македонија

септември 26th, 2018 Македонија коментари 1069

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Александар Николовски – Никогаш северна, секогаш Македонија

Колумна на Александар Николоски “ Пред крајот сме на кампањата за референдумот на кој македонските граѓани треба да одлучат дали ќе се преименуваат себеси и државата или ќе го отфрлат тоа. Во целокупната комуникација изминатиот период јасно е дека од една страна граѓаните, пред сè македонскиот народ, се силна опозиција на договорот. Се противи на него и не се согласува да се прекрсти себеси и државата. Од друга страна, јасен е обидот за манипулација на власта на Зоран Заев и СДСМ, кои по секоја цена се обидуваат референдумот да помине за да им се испере совеста и да кажат дека народот, а не тие, одлучиле да се прекрсти државата и таа да се обезличи. Кое понижување за својот народ! Со сила го тераат да направи нешто што ниеден друг слободен народ никогаш не би ни помислил, а камоли да го направи. Но тука настанува проблемот. Македонскиот народ е силно против овој договор, не сака да се прекрсти и не падна на манипулативната кампања. Заев и Никола Димитров не одговорија на ниедно од клучните прашања за референдумот – зошто наеднаш прифатија промена на Уставот на Република Македонија; зошто не му ги покажуваат на народот уставните амандмани; на кој начин е зачуван македонскиот национален идентитет; зошто ние ќе сме единствена држава која нема да има свои малцинства; која е гаранцијата дека Грција пак нема да го изигра договорот; кога ќе станеме членка на ЕУ.

Немањето одговор на сите овие суштински прашања нè доведе во ситуација народот многу јасно да ја прочита играта и да сфати дека само едно е сигурно – дека ваква Република Македонија каква што денес ја познаваме веќе ќе ја нема, ќе има нова Северна, во која со грчки диктат ќе се сервира кој сме и што сме. Ако на ова додадеме дека власта целосно ја потценува волјата на граѓаните низ три манипулации – прво, самото прашање кое е тризначно, второ, консултативен, а не задолжителен референдум и трето, ставот дека и да не успее референдумот институциите ќе ја тераат работата, нè носи до ситуација на целосно разочарување на луѓето кои легитимно се прашуваат зашто власта организира референдум кој сама сака да го изигра и изманипулира.

На ова се надоврзуваат и силни сомневања за наместен процес. За жал, Македонија има долга традиција на нерегуларни изборни циклуси, особено кога СДСМ е на власт. Нема вработен во јавната администрација на кој не му се заканиле дека ќе го избркаат од работа ако не излезе да гласа, нема поголем стопанственик кој не е посетен од моќник на власта која бара да ги притискаат работниците да излезат да гласаат, па дури и Заев отворено побара да им се даде мито; нема помал стопанственик кој не добил закана со инспекции и затворање. Понатаму, масовно се делат дрва за огрев, масло и брашно и се спрема поткуп на гласачи на самиот референдумски ден. Ова ли се тие европски вредности? Да е трагедијата поголема се злоупотребуваат посетите на нашите пријатели од меѓународната заедница за меѓу народот да се создаде слика дека и тие ги поддржуваат овие недемократски методи, што е сосема неточно зашто ни на крај памет не им е да помислат, а камоли да одобрат таква работа, пред сè заради своите демократски убедувања и ставови. Ако на ова додадеме дека гласно се зборува дека во средините каде што живеат етнички Албанци излезеноста ќе е стопроцентна, иако сите знаеме дека барем половина не живеат во Македонија, тогаш е јасно зошто сè повеќе луѓе останувањето дома го гледаат како единствен спас. Тоа е така не затоа што ВМРО-ДПМНЕ или некој друг им рекол, туку зашто така чувствуваат.

И тој став е за почит, како и ставот на оние што ќе излезат и ќе гласат „за“ и на оние што ќе гласат „против“. Но тоа што не е за почит е спремноста на власта на Заев и Димитров својот грев да го исперат со народот. Во овој предреферендумски период се искристализираа многу работи. Така, на една страна се сите транзициски мангупи, сите транзициски политичари, кои знаат да пливаат во матно, а од другата е една нова генерација која е чиста и која има силна национална идеја и чиста морална вертикала. Простете, но многу сум горд што сме на различна страна со Зоран Заев, Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Никола Димитров, Радмила Шекеринска и слични мангупи. Колку само несреќи оваа држава виде од нив, колку само семејства пропатија од нив, колку останаа без работа и иднина. Колку не завршија факултет, колку останаа без соодветна здравствена заштита, колку ја напуштија државата, колку посегнаа и по својот живот, колку само пари останаа заробени по разни банки и пирамидални штедилници и уште многу колку во овој низ од 27 години на транзициски мангупи, кои, како што призна и самиот Бранко Црвенковски, не биле способни да создадат силни институции и функционална држава, па затоа се спремни да се прекрстат.

Какво понижување! И затоа среќен сум што сме на различна страна. Ние сме со народот, тие се своето темно минато. И историјата ќе запише кој кај бил. Кој бил за промена на името, а кој бил против. Тоа е гревот што им тежи и што ќе си го носат цел живот. Направија сè да го направат ВМРО-ДПМНЕ дел од ова, не успеаја и тоа е нашата гордост. На 30 септември секој од вас ќе донесе одлука каква што срцето му кажува дека треба да донесе Ние ќе ја почитуваме секоја одлука. Сигурен сум дека ќе ја одбраниме Македонија, дека тоа ќе е ден за историјата, ден кога се кренал македонскиот народ против сите понижувања.

И затоа слоганот кој овие денови се роди е прекрасен – Никогаш Северна, секогаш Македонија!”

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Сите анкети до сега покажуваат дека референдумот во недела ЌЕ БИДЕ НЕУСПЕШЕН!
Следна објава „Мостови на пријателство“ - Меѓународен ден на Бошњаците во Република Македонија во Велес
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 560
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 540
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 529
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1189
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 510
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 592
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 320
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 404
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 557
Жена на денот
Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

1246
Маж на денот
Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

3050
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4272
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија
Македонска бесмртност

"Денес над Македонија"- Химна на Република Македонија

Јул 5th, 201919
Откако Благој Бочварски избега од градоначалничката функција во Штип, остави огромни проблеми кои денес се решаваат
Регион

Откако Благој Бочварски избега од градоначалничката функција во Штип, остави огромни проблеми кои денес се решаваат

Авг 12th, 202218
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

Ное 21st, 202217
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.