“ Синоќа на Само Вистина говорев за бројка од над 650.000 граѓани кои гласале за Заев и политичките партии кои го подржаа референдумот и пропагираа ЗА, на парламентарните избори во декември 2016 г. За да бидам до крај коректен према вас седнав и ја пресметав точната бројка и таа е 687265. Ако на бројката од 666 илјади излезени на референдумот, од кој 610 биле ЗА, се одземе бројката на наполнети гласови за кој говореше Мицкоски, излегува дека Заев и неговите изгубиле над 100.000 гласови од подршката што ја имале во декември 2016 г. На таа пара и меџународна подршка што Заев ја доби пред референдумски, да изгуби толкава бројка на подржувачи и да има ваков резултат каков што има, во нормална и демократска земја, граѓаните и политичарите го доживуваат и го разбираат како дебакл. Ако ние тежнееме кон европски стандарди и вредности Заев треба да си поднесе оставка и престане да си игра играчки со народот и да го прави слеп и глув.”
– напиша Пандов на својот фејсбук профил.