Во овој свет треба трезвено да се оди по патот Господов. Духовниците или пак така наречени ‘’старци’’ не треба да ги врбуваат чедата, туку да им помагаат и да ги ослободуваат, да ги направат слободни за сами да се снаоѓаат во животот. Верата не треба да се користи за врбување, и преку верата не треба да градат војска од луѓе кои нив ќе ги величаат.
Добро знаеме во какво време живееме, затоа не треба да се лажат верните чеда и да се приморуваат да прават нешто што ни самите духовни отци не го прават. Треба да го познаваме времето. Господ е голем, денес е доволно само да сме на неговата страна, да не правиме робови на страв, кои ќе живеат во очајание и безнадежност, кои ќе робуваат на некакви правила и одредби, кои ќе живеат во вечна дилема дали смееат да прават нешто или не. Па така, размислувајќи ќе забораваат на суштината, а за секоја ситница ќе бараат дозвола од духовникот.
Христос ги научи апостолите и ги испрати да проповедаат, ги направи слободни, а тие не го прашуваа Него за секоја ситна работа што да прават. Жалосно е што Црквата, односно “старците” во Црквата колку што имаат спасено, толку имаат и упропастено, личности кои имаат цел живот трауми. Зборувам во сегашно време и зборувам за луѓе.
Пишува: Александар Тимчевски


