• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Регион

Алесио од делчевското Тработивиште сам научил да чита и пишува на четири години

мај 26th, 2018 Регион коментари 954

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Алесио е роден во Швајцарија. Имавме ресивер од македонски оператор за да бидеме во тек со настаните во Македонија. Алесио така почна да ги учи буквите на кирилица, самиот, вели таткото Томас Фератов Основното училиште „Св. Климент Охридски“ во делчевско Тработивиште постои речиси еден век. Годинава првпат има толку талентирано дете кое морало да прескокне едно одделение.

Седумгодишниот Алесио Фератов наместо во клупите со вторачињата, седи со оние од трето одделение. Сите се во иста училница, седум ученици учат во комбинирана паралелка. Три во второ, четири во трето одделение.

Во старото селско училиште нè пречекаа наставниците, учениците, а меѓу нив и малиот Алесио и неговиот татко Томас. Сите се горди на успесите на Алесио. Тој ќе остане запаметен како детето што прескокна едно одделение.

Сака да биде научник

Наставничката Весна Димитровска ни раскажа дека Алесио го запознала оваа учебна година кога требало да биде второ одделение. Но, уште на првиот час сфатила дека тој знае сè.

– Му беше досадно, буквално немаше нешто што веќе не го знаеше од материјата што ја учевме. Сфативме дека треба да го префрлиме во трето.

Разговаравме со педагогот и родителите. Не згрешивме. Покажува одличен успех, најдобар е во класот. Математиката најмногу му оди, а сака да биде научник – вели неговата наставничка.

Алесио е срамежливо момче кое не сака премногу да се истакнува, но штом се спомнат учење и книги, ја крева главата и широка насмевка му го грее лицето. Ни вели дека сам научил да чита и да пишува кога имал четири години. Ние сме зачудени, а наставничката гордо се смешка. Татко му Томас ни ја потврдува информацијата.

– Алесио е роден во Швајцарија. Имавме ресивер од македонски оператор за да бидеме во тек со настаните во Македонија. Алесио така почна да ги учи буквите на кирилица. Еден ден гледавме вести, а долу под сликата течеа информации. Алесио почна да ги чита буквите. Имаше само четири години. Никој не му кажал ниту една буква. Со сопругата се изненадивме.

За неколку недели веќе почна сè да чита – раскажува татко му.

Алесио покажувал интерес за учење од многу мала возраст, особено за математика и природни науки. Наставничката Димитровска вели дека на овој мал гениј беспрекорно му одат сите предмети, но најмногу ја сака математиката.

– Сакам да бидам научник, да правам експерименти – ни вели срамежливо Алесио.

Одлично зборува македонски, германски и англиски јазик, а малку разбира и ромски Алесио прво одделeние завршил во Швајцарија. Кога се вратиле во Тработивиште, се запишал во второ. Тој зборува македонски, германски и англиски јазик, а малку знае и ромски. – Иако сме Роми, дома го зборуваме македонскиот јазик, па затоа Алесио не зборува баш најдобро. Всушност, македонскиот му е мајчин јазик – вели татко му Томас. Тој, пак, 23 години ги поминал на работа во Швајцарија. Зборува англиски, германски, италјански, ромски, македонски и српски јазик. Во Македонија се вратиле откако зел инвалидска пензија поради повреда, а и не бил задоволен од условите во кои учел Алесио. – Многу талентирано дете е, сака да прави експерименти, сам измислува некои работи. Срам ми е да кажам, ама и мене ми дава совети кога ми требаат. Тој одеше две години во Цирих во градинка и прво одделение во училиште. Ќе бидам искрен, не ми се допаѓаше како му влијаеше средината, конкретно во неговото училиште. Немаше дисциплина, многу нации и народности на едно место собрани. Јас сум космополит, но тоа таму не ми се допаѓаше. Тоа е причината што се вративме да учи тука – раскажува Томас.

Знае да преинсталира цел компјутер За одлуката Алесио да скокне едно одделение, смета дека е вистинска бидејќи во спротивно ќе имало негативен ефект врз детето. – Алесио е интелигентно момче, љубопитно, сака да учи. Се мачеше во второ на почетокот, секој ден кажуваше дека нема што да прави и што да учи. Верувајте, прави чуда со компјутерите, знае да преинсталира цел компјутер, а разбира и софтверски операции – раскажува Томас.

Алесио ќе остане да живее во Тработивиште додека не го заврши основното образование, а за средношколското можеби ќе ги сменат плановите. – Не знам што ќе биде понатаму, засега остануваме тука. Ќерката ми е во Швајцарија, таму учи, има 18 години. Ќе одиме летово да ја посетиме, а и Алесио да биде повторно во контакт со јазикот – завршува татко му.

Автор: Милена Атанасоска-Манасиева

Извор: www.deca.mk

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Груевски му се обрати на Талат преку фејсбук
Следна објава Шпанци со МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ во Германија
Може да Ве интересира:
Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина
Институции

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

април 1st, 2023 390
Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија
Институции

Донација со опрема за ЈП "Солидарност" Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

ноември 23rd, 2022 579
Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022
Институции

Реализирани дневни активности на ЈП "Стипион" Штип 23.11.2022

ноември 23rd, 2022 543
Кој и зошто им ја секнува водата  во домовите на жителите на с. Град, делчевско?
Институции

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

ноември 22nd, 2022 632
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Институции

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

ноември 21st, 2022 507
Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата
Институции

Улицата "Браќа Даневи" во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

ноември 21st, 2022 444
Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево
Граѓани

Ели Ангеловска: Граѓаните на Делчево имаат право да ја знаат вистината за уредувањето на семејниот двор на директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево

ноември 19th, 2022 1461
Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!
Граѓани

Пијанец, Делчево, Тработивиште, Зелки... Звучи како стихотворба но функционира!

ноември 17th, 2022 378
Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Институции

Дали директорот на ЈКП "Брегалница" Делчево ја злоупотребил позицијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

ноември 17th, 2022 612
Жена на денот
Работната облека на Лаура Велс

Работната облека на Лаура Велс

472
Маж на денот
20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

20 Цитати на Стивен Кинг – кралот на хоророт

1555
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
После караванот-кучиња: Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници вели Дескоска
Македонија

После караванот-кучиња: Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници вели Дескоска

Сеп 21st, 201925
Горазд Росоклија -  ЕДНА МИСЛА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ
Македонија

Горазд Росоклија - ЕДНА МИСЛА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ

Мар 12th, 201924
Колку нови пратеници ќе влезат во македонското Собрание!?
Македонија

Колку нови пратеници ќе влезат во македонското Собрание!?

Окт 25th, 201722
Во Чешка се случува востание на слободарскиот народ
Европа

Во Чешка се случува востание на слободарскиот народ

Сеп 4th, 202221
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.