Популарниот оркестар ‘BARCELONA GIPSY BALKAN ORCHESTRA’ кој пред еден месец направи промоција на својот најнов албум насловен како ‘AVO KANTO’ низ цела Германија, при изведба на најпознатата Македонска песна, ја кренаа публиката на нозе во Минхен!
Од видеото можете да забележите како сите емотивно и громоогласно пеат.
Оркестарот во кој членуваат: Робиндро Николиќ ( Шпанија), Матиа Широса ( Италија), Иван Ковачевич (Србија), Џулиен Чанал (Франција), Стелиос Тогиас (Грција)
и Сандра Санаџио (Шпанија), изведуваат традиционални песни од Источно европскиот регион, Јужна Америка и Средниот Исток.
УЖИВАЈТЕ