Амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија Дејвид Гир во текот на вчерашниот ден беше во посета на градоначалникот на општина Штип со кој што заедно присуствуваа на кино проекција која е дел од програмата на Европското патувачко кино во Штип.
Градоначалникот Иван Јорданов во јавноста сподели определба за организација на уште вакви настани во фунција на културната соработка и развој на културата во Штип воопшто.
“Заедно со Н.Е. Дејвид Гир, амбасадор на Европската унија во Република Македонија, вечерва уживавме на Европското патувачко кино под отворено небо во Штип.
Во Дом на млади вечерва ги гледавме филмовите Законот на шепите и Атлас, а утре штипската публика ќе има можност да ги погледне Северен пол и Вселенското момче.
Огромна благодарност за прекрасниот настан, кој провоцира да имаме што повеќе вакви организации!”
-соопшти градоначалникот Иван Јорданов.