Изминатата недела беше особено бурна за американските граѓани.
Крајно- десничарски организации, групи и поединци се одзваа на повикот на Доналд Трамп за ослободување на земјата од затварање и повторно отварање на економијата.
LIBERATE VIRGINIA, and save your great 2nd Amendment. It is under siege!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) April 17, 2020
Неколку стотици демонстранти кои ги прекршија препораките на Светската здравствена организација и надлежните лекарски служби како и наметнатите мерки од страна на гувернерите на поедини држави во САД, кои беа на сила како дел од пакетот мерки за заштита на општеството од смртоносниот корона вирус, излегоа на улиците во Калифорнија, Мичиген, Минесота, Вирџинија и Флорида во протест против затварањето во домовите, социјалното дистанцирање и останатите непопуларни мерки кои се закануваа на демократијата која ја уживаа американските граѓани.
Некои од протестантите дури и ги блокираа медицинските возила кои гравитираа кон локалните болници за потребите на справување со кризата.
Од друга страна пак како реакција на ваквите крајно-десничарски протести, на улиците каде што беа организирани, беа забележани индивидуални акти на блокада на движењето на протестантите од страна на медицински лекари и сестри кои се справуваа со заканата од пандемијата на корона вирусот.
Поделеноста на општеството во САД дополнително се заострува помеѓу групите на граѓани од различен социјален статус, со растечко незадоволство кај сиромашните слоеви во САД кои што се загрижени за својата егзистенција како резултат на економската нестабилност од една страна и настојување со сите сили да се бранат препораките и мерките на гувернерите од страна на економски по стабилните граѓани.
Повеќе гувернери на сојузни држави во САД од редовите на демократите го осудија повикот на Доналд Трамп оквалификувајки го како охрабрување на нелегалмни и опасни постапки.
The president’s statements this morning encourage illegal and dangerous acts. He is putting millions of people in danger of contracting COVID-19.
— Governor Jay Inslee (@GovInslee) April 17, 2020
His unhinged rantings and calls for people to “liberate” states could also lead to violence. We’ve seen it before. 1/7