На социјалните мрежи се појавија фотографии од луксузни автомобили снимени во кругот на Претседателската вила на водно. Според информациите достапни во овие објави истите се споделуваат како рент а кар сервис а објавата најверојатно е дел од маркетинг стратегија.
За ваквата објава во јавност реагираа од Кабинетот на Претседателот:
“Фотографиите се направени без дозвола и знаење на Кабинетот на претседателот, а против лицето ќе биде поднесена пријава за недозволено фотографирање на претседателскиот кабинет. Воедно ќе бидат информирани и претставниците на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР,”
-стои во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски.
Ваквата ситуација наголемо се коментира на социјалните мрежи делумно на потсмев, но со сите сериозни последици кои што произлегуваат од ваквите пропусти на претседателската служба.
Хахахахах посмешно здравје….
— caSyS Македонија (@KajMakamot) April 19, 2020
Алооо #Идиоти, како може бе некој да дојде кај Претседателот со строго контролиран влез, обезбедување и видео надзор 24/7 и да си паркира коли да си ги слика од сите агли, и тоа никој да не го забележи..
За ваков муабет Зоки кажа Ајде мајката! pic.twitter.com/gwg6LTB9uL


