Денеска (сабота 30.09.2017 година) кандидатот за Градоначалник, Иван Соколов имаше ангажирана работна агенда заедно со кандидатите за советници на ВМРО-ДПМНЕ, во текот на денот.
Кандидати за советници имаа свој штанд во центарот на Делчево на кој што во директна комуникација со граѓаните промовираа дел од својата политичка програма и залагање за наредниот 4 годишен мандат во Делчевскиот Совет.
Кандидатот за градоначалник Иван Соколов заедно со својот тим пак направи обиколка на градскиот пазар и поразговара со граѓаните и трговците кои што вршат своја трговска дејност на пазарот.
Напомена: Фотографиите се превземени од официјалната фејсбук страна на Иван Соколов.