Во овие тешки мигови за владата на СДСМ, имам еден добар предлог како да се спасат од целиот овој срам:
– Прво поништете ја партијата.
– Поднесете си оставки.
– Соберете се сите заедно и извршете харакири!
Во Кина имаше еден случај каде што машиновозач изврши харакири затоа што возот што тој го управувал закаснил 5 минути.
Нашиов воз за ЕУ касни многу повеќе од 5 минути. Не убедија да купиме билет (читај да промениме име), да прославиме за билетот (читај чочеци, чуда и врагови) и на крајот да ни кажат дека билетот ни е неважечки. Многу добро … катастрофа.
Некако ми е чудно што сеуште не испаднал никој на прес и да го обвини Груевски за целата оваа бламажа. Знаете тоа денес е тренд. Ти поставиле огромно албанско знаме во Охрид? Без гајле .. масло на Груевски е. Не си добил датум за преговори? Не се замарај .. Груевски е крив! Те оставила жената? Груевски е крив!! Те боли глава? Груевски замешал прсти.
Чекајте малце другари! Пред само една година видовме евтин театар. Видовме чочеци, видовме прослави, селфи од авион и што ли уште не! Видовме одземање на вратоврска во Преспа. Видовме бакнување пенкала. Видовме селективна правда, амнестија и што ли уште не. Само едно нешто не видовме .. Не видовме датум за преговори за влез во ЕУ и НАТО.
Колку понижувачки нели? Излажавте цел еден народ. Излажавте буквално за се. Лажевте за платата од 500€. Лажевте за странските инвестиции. Лажевте за 600km автопати. Лажевте дека имате план како да станеме рамноправна членка на ЕУ и НАТО.
Но господа СТОП! Ова мора да запре тука. Доста е!
Нема ни живот, нема ни 500€ плата, нема ни датум за преговори. Но едно знам: Ќе има промена на влада!
А до тогаш, барем престанете да не лажете!