И се извинувам на водителката на Само Вистина од Канал 5 што гостинот кој она го планирала го договорив уште пред две недели кај мене. Жaлам поради вознемиреноста и благата хистерије од Мојата недолична постапка да канам гостин кој Вие сте го безецирале денес а јас пред недели.
Обично Вашите гости доаѓаат пар пути месечно, кај мене годишно и се извинувам што според Нејзините сознанија сите кои гостувале кај мене тоа било брука, срамота, недозволиво и како се осмелувале да дојдат кај мене, а она имала рејтинг од 120 000, ма милион и 200 000.
Се извинувам што постојам и правам емисии оти само вие сте професионалци кои знаете што и како треба, а јас со двајца и месечен буџет од 300 евра реализирам сам, секој ден. Во право сте, мој грев е што постојам и молам не им се сипајте на оние кои гостувале кај мене и ќе гостуваат а вие сте прогласиле дека само на кАнал 5, 24 вести, Телма и 1тв е легитимно и дозоволено.
Посрамено се сипам со пепел и со наведната глава си гледам во прстите наспрам вас, величините благосиљани од амабсадори и премиери кои ве просветлиле и ракополагале вие, само и само вие, да постоите и правите емисии.
Кој сум јас што јадам лања 20 години, секоја вечер, стварно, се извинувам што ве срамам што постојам.
Простете и сипајте ме со керозин – за доброто на универзумот.
Статус на фејсбук на Јанко Илковски