Мехмет Генц или како тој што сака да се нарекува „Rotasiz Seyyah“ што во превод значи „номад без цел“ е фотограф од Турција кој обожава да патува. Сите негови фотографии ја покажуваат моќта на една едноставна но толку моќна реченица: „Многу сте убави“. Генц им кажува на луѓето што ги среќава за време на неговите патувања дека се убави и потоа ги слика нивните реакции кои се совршено емотивни и неодоливи.
„Будалестата храброст понекогаш ќе ви помогне да ја донесете најважната животна одлука“
– изјавил Генц.
Тој пораснал во Самсум, Турција, но денес кажува дека целиот свет е негов дом. Моментално, живее во Манаус, Бразил. Неговиот инстаграм профил има над 91.000 следбеници. Погледнете ги овие фотографии кои ќе ви го стоплат срцето.