• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Политика

Јанушев: Mолчењето во овие моменти за неправдите донесени од власта, станува предаство на истата таа кауза. Нема да молчиме!

ноември 23rd, 2019 Македонија, Политика коментари 351

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Јанушев: Mолчењето во овие моменти за неправдите донесени од власта, станува предаство на истата таа кауза. Нема да молчиме!

Отворено писмо на Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев до сите граѓани на Република Македонија:

Почитувани граѓани на Република Македонија, браќа и сестри,

Ова писмо го пишувам не за да кажам колку државата е тргната во погрешен правец, тоа веќе на сите им е јасно, туку да остане запишано што сме зборувале, за што се бориме, за која кауза.

А, таа кауза во која сите веруваме и за која се бориме е поголема од сите наши поединечни интереси, суети и превирања, особено во овие моменти кога власта притиска да се молчи,впрочем таа кауза не обврзува да се биде гласен, зошто молчењето во овие моменти за неправдите донесени од власта, станува предаство на истата таа кауза. А, нема да молчиме затоа што пропаѓаме како држава, како општество, и тоа во „дупло дно“, а безвременскиот Горан Стефановски во истоимената престава ќе напише реплика која неодминливо звони во овие последни месеци на оваа власт:„Одбивам да сум жив по инерција, да дишам на шкрги. Одбивам да шетам со цревата во раце, да гледам како нестручно ме оперирате, сечете и шиете, како ми гнојат раните и да се прашувам колку ли ќе ме боли кога ќе дојдам на себе. Не сакам седативи. Не сум купче протоплазма. Имам волја и разум и ја преземам одговорноста за својот живот“.

Таквото „дупло дно“ го гледаме во секој агол во општеството, и тој срам не се „пере“ со некоја неуспешна изјава на премиерот за дефокусирање на вистинските теми, ниту пак со онаа замислена кавга помеѓу дворјаните во судството седнати во скутот на Заев, или пак со измислените покачувања на плати и пензии, кои всушност се намалувања или дел од ускратеното на луѓето кои треба да го добијат. Тоа „дупло дно“ не се брише ниту пак со безсуштинската борба на Шилегов за опстојувањето на Јапонските цреши, чие сечење, па садење, наликува на црпење на вода со кофа со дупнато дно, само колку да се помине денот, а да не се збори за тоа „дупло дно“ до кое не донесоа. Или пак онаа ќулавка врз главата на Катица не го мие од одговорност Заев, бидејќи не само што тоа е сликата на правдата денес во Македонија, туку тоа е сликата за срамот на Заев чиј што довчерашен најверен слуга беше токму Катица.

И сите оние кои мислат дека Заев утре ќе ги спаси за криминалите кои ги правеле за вождот на сегашната власт, нека ја имаат на ум сликата со ќулавката бидејќи така изгледа кога Заев пушта низ вода за да се спаси себе си. А, сега малку за вистинските „дупли дна“.Одговорноста за неуспехот во правосудството има име и презиме и се вика Зоран Заев. Ваквите божемни расправии помеѓу Обвинителството и Апелација за пуштањето од ефективен притвор на Катица е оркестрирано сценарио на Заев со кој тежиштето на вината закорумпираното судство сака да ја префрли од Владата во рацете на нејзините извршители, односно судството.

Проѕирно сценарио во кое мислат дека профитираат со тоа што ќе прикажат дека судот самоволно ја пуштил Катица, додека портпаролот на СДСМ во обвинителството – Рускоска крева врева по принципот „држете го крадецот“. Ова е понеуверливо продолжение на оваа фарса од првиот дел на кавгата помеѓу Џолев и Дескоска, бидејќи сите заедно се лицето и опачината на една паричка чиј заеднички именител е Заев.

И секако целата оваа монтирана кавга за перење од одговорноста за неуспехот на судството во гонењето на криминалот ќе заврши со една епохална порака на обвинителката портпарол „ќе ви ги истресам гаќите“, која доколку некој има дилема дали и доликува на еден обвинител ќе потсетам дека тое е милје во кое премиерот дели лекции за „мало сутра“, „мрчи“, кажува дека „баклавата била изедена, само њега нема“, „ќе ја мажел земјава за богата фамилија“ … што укажува на тоа дека е природно и обвинителот да е на истото ниво. И двајцата ја играат истата фарса зошто Катица може да пропее.Се разбира дека не убедуваат и дека Владата нема ништо ниту со бегството на убиецот на Мартин Нешкоски, зошто тие го пуштија да избега. И никаде ги нема оние „начучулени“ и сега напикани „револуционери“ на добро платени позиции да велат дека „нема правда-нема мир“, или пак да го прашаат како е братот на Нешкоски чиј израз на лице во една скорешна изјава кажува се, а тоа е горчина и збунетост. Впрочем, нели е тоа чувството кој го дели секој еден човек за сите неправди, падови и порази кои како нација ги доживуваме цели 28 години? И нели е време повеќе од било кога порано да ги смениме работите? Да го надминеме ова „дупло дно“, затоа што не смееме веќе да дозволиме компромиси со правдата и мораме да се бориме за апсолутна правда. Мораме да направиме реформи кои ќе донесат независно судство и одговорност за оние кои ги кршеле законите. Може да бидат нервозни и исплашени само оние кои правеле криминал. И да, навистина треба да се плашат.Мораме да се избориме земјоделците да го добијат заслуженото и никогаш повеќе да не бидат злоупотребени. Да го вратиме достоинството во здравството, за лекарите и медицинскиот персонал, но и за пациентите. Да направиме силен економски бум кој ќе донесе приходи за бизнисот и повеќе пари за граѓаните. Да си ги вратиме добрите луѓе кои си заминаа од земјава. Да започнеме сериозна борба против загадениот воздух за да спасиме животи. За да го направиме ова потребно е да ги победиме овие кои ни го донесоа сето ова поради кое денес тонеме.

Падот на оваа власт е извесен и очекуван. И тој пораз на оние кои ни носат само порази мора да биде голем и убедлив, за да имаме сила да ги смениме работите. И нема да ви поминат сите лаги кои ги посипувате и со кој ја напаѓате вистината, нема лага која не ви ја демантираше времето, да ги редам ли??? … дека ќе добиеме датум за преговори, дека нема да има предвремени избори, дека ќе го отворите судството како пупка…

И сакам однапред да им кажам на оние од другиот табор дека ова не е времето како од 2016-та или 2017-та година, и дека сите црни пари собрани од рекети за овие избори нема да ви помогнат, ниту пак оние пактови со криминални подземја ќе ви извлечат гласови. Нема да ви помогнат ниту оние претходно проверени и увежбани шеми на рекордни гласања, ниту пак оние параполициски сили кои влегуваа во предизборните молкови и договараа гласови, а нема да поминат бидејќи народот е свесен и неговата волја нема да ја украдете. Иако знам дека сето тоа го планирате, однапред да ви кажам нема да ви успее. Со ваква ваша активност само ќе продолжите да тонете … со таа разлика што овој пат нема да не повлечете со вас!И немојте да му бидете верни во поразот на Заев, зошто тој ќе биде првиот кој нема да ви биде верен на вам кога ќе морате да одговарате за кршењето на законите.

Ве предупредувам – не правете дополнителни штети со хаосот кој го донесовте. Затоа што на почетокот кажав – народот одбива да шета со цревата во раце, да гледа како нестручно го оперирате, сечете и шиете, како му гнојат раните и да се прашува колку ли ќе боли кога ќе дојде на себе. Народот не сака веќе седативи. Немојте да мислите дека има нешто што ви езаборавено, и дека некој од нас ќе погази на зборот кој сега го даваме. Немојте да мислите и дека заборавивме на патриотите кои лежат по затворите или пак на криминалците кои ги пуштивте на слобода. Не забораваме и за штета која ја направивте за името и достоинството со кое тргувавте.Нема да ви поминaт ниту оние лаги кои засилено ги лиферувате, како онаа дека вие сте биле помалото зло, бидејќи ВМРО било поголемото, дека ние наводно сме биле антизападна сила, ама вие на чело со Заев – е прозападната. Демантот пристигна од Европската Народна партија, а тој вели – цитат на Мицкоски споделен од ЕНП (EPP):„Како Македонци припаѓаме во европското семејство затоа што ги делиме европските вредности“.

А ВМРО ќе победи, силно и убедливо, зошто за мене како и за многумина од мојата генерација ова е нашата животна битка. ВМРО, месните, општинските комитети се на нозе! Спремни за обновата за која мораме да се избориме. И ова е најмалу борба за некаква власт, туку борба за иднина во која веруваме дека мораме да ја донесеме. Македонецот не ја витка кичмата и не верува во чуда, но верува во казуа, идеја која не одржала низ времето. Големиот Македонец Гоце кажал„Труд и постојанство, тоа е силата со помош на која човек станува најголем при секоја иницијатива“!Ова е битка во која влегувам со целото мое срце, и знам дека ќе победиме. Тоа го должам на сите обесправени, на сите несреќни, на сите со изневрени надежи и оправдани неисполнети очекувања, тоа го должам на моите два сина, на луѓето кои ги сакам, тоа го должам на ВМРО и на Македонија!

Да живее Македонија!Со почит,

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Врв на сантата мраз која како баласт стои на вратот на осиромашениот Македонски граѓанин
Следна објава Љупче Петрески: ИНТЕРВЈУ СО МИЛОСТИВИОТ ЧОВЕК КОЈ ЈА ПОЗНАВА ВИСТИНСКАТА ЉУБОВ
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 361
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 340
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 359
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 977
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 354
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 395
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 165
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 244
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 327
Жена на денот
Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

Гал Гадот од национален модел на Израел до светски феномен

1076
Маж на денот
Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

2809
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020
Што да се прави?

Традицијата живее во село Ѕвегор- Приказната за Ѕвегорска сурова 2020

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони
Што да се види?

Пијанец- Важен крстопат меѓу истокот и западот, центар на Балканскиот полуостров во срцето на еден од најчистите еколошки региони

Неделни топ 5 на Брегалнички
Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои
Магазин

Зад физиката на виножитото се кријат интересни факти. Погледнете кои

Јун 4th, 2019 2784
Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани
Регион

Пред повеќе од 50 години ваков безвременски евергрин испеа Олгица Андонова од Кочани

Окт 23rd, 202229
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!
Македонија

Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!

Авг 6th, 202117
Сонцето од Кутлеш со зборот Македонија изгравирани на црковна камбана во 1834 година
Македонска бесмртност

Сонцето од Кутлеш со зборот Македонија изгравирани на црковна камбана во 1834 година

Јул 9th, 202217
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.