Еден од водачите на политичкото левичарско движење “Левица”, Димитар Апасиев секојдневно изнесува свои ставови во врска со
капитулантскиот „Договор“
мислејќи на договорот меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Квислиншката шема на Заев и Dimitrov да ги стават граѓаните пред „свршен чин“ – ќе наиде на четири несоборливи ПРАВНИ ПРЕЧКИ кои ќе оневозможат капитулантскиот „Договор“ било кога да влезе во сила:
1. Претседателот на Републиката (кој нема да го потпише);
2. Уставниот суд на РМ (кој ќе го поништи);
3. Народниот референдум (кој нема да успее);
4. Грчкиот парламент (кој нема да го ратификува).
предвидува професорот Димитар Апасиев.
Притоа нуди и слика за што тој мисле дека ќе биде исход на целава оваа катастрофална политичка ситуација во која е втурната Република АМкедонија од страна на актуелната влада на Зоран Заев:
ИСХОД: На следни избори СДС(М) ќе биде збришана како ПАСОК во Грција + на „двоецов“ ќе им остане само кривичната одговорност за непријателска дејност против државата, која застарува за 20 години.