• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Апасиев: Се залагаме за дефинитивен законски крај со работата на извршителите во МК

август 21st, 2018 Македонија коментари 1119

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Во интервју за порталот “Јанаки знае” професорот на правниот факултет Димитар Апасиев го искажува својот конзистентен став по однос на прашањето за работата, улогата и заложбите на неговата партија Левица за извршителите во Република Македонија.

Во продолжение пренесуваме дел од интервјуто кој се однесува на извршителите.

ЈанакиЗнае: Со програмата на политичката партија Левица, за вонредните парламентарни избори во 2016 година, предлагавте радикални измени во правниот сектор: укинување на извршителите, намалување на адвокатската тарифа итн. Се залага ли Левица сè уште за укинување на извршителите?

Димитар Апасиев:Да, во сферата на правосудството Левица ја имаше убедливо најдобрата програма сообразена со потребите на мнозинството од осиромашениот и испокраден народ, во време на транзицијата. Колку за потсетување ние се залагаме за: реформа на уставното судство преку воведување на институтот „уставна тужба“ за правата заштитени со Европската конвенција за човекови права; jуридизација на правото, преку задолжителна примена на судската пракса на Европскиот суд за човекови права (Стразбур); воведување на правичноста како извор на правото при пресудуваањето од страна на судовите; воведување на најопремени и најсовремени правни библиотеки во судовите, со претплата до стручна литература од најеминентните бази на податоци и светски познати странски правни списанија и зборници; воведување на Централна база на судски пресуди од страна на Врховниот суд на РМ, со цел воедначување на судската пракса и создавање прегледно „прецедентно право“; укинување на второстепените управни комисии, кои делуваат како квази-судски инстанци, и пренесување на нивните надлежности на Управниот суд, кој треба да биде кадровски доекипиран и зајакнат, со цел носење на мериторни одлуки со што значително ќе се скратат управните постапки; воведување на специјализирани судови (кривични, прекршочни, имотни, работни, трговски и др.); укинување на трајниот мандат на судиите и воведување старосен цензус за избор на судии; дефинирање на флоскулата „истакнат правник“ со цел спречување на нејзина идна злоупотреба при изборот на членови на правосудните тела за избор на судии и обвинители итн.

Во однос на прашањето за извршителите, одговорот останува потврден. Ние сме доследни на тоа што го ветуваме, односно се залагаме за дефинитивен законски крај со работата на извршителите во МК, кои се покажаа како одвишок на системот и служат само за лично богатење на стотина луѓе, на сметка на „дерење“ на народот до гола кожа.

ЈанакиЗнае: Што со спороста на судското извршување, што беше и една од главните причини за воведувањена извршителите во 2005 година? Како би го решиле тој проблем?

Димитар Апасиев: Преку законски измени и преку радикални системски реформи кон подобро. Кога станува збор за Правдата, македонските граѓани мора да сфатат дека благите реформи не се доволни, туку тие се само вакцина за болното судство. Затоа мора да се обезбедат реални и опипливи услови за полесен пристап до правдата и право на добар судија. Оти каква корист имаме ние од судиите, кога тие можат да бидат принудени да се сложат со неправичните барања на властодршците и нивните пајташи.

Прво, кај нас мора да се изврши кодификација на граѓанското материјално право преку носење на Граѓански законик; понатаму, при секоја законска измена мора да се носат официјални пречистени текстови на законите кои се менуваат или дополнуваат, за да се зајакне правната сигурност на луѓето. Поразително е сознанието дека сиромашната Македонија има најнедостапна и најскапа правда во Европа! Преку авансираното плаќање на судските такси и трошоци за вештачење, оневозможено е елементарното право на пристап до суд. Тоа е алармантна ситуација. Луѓе остануваат без правна заштита затоа што им е страв да утужат, бидејќи може да го изгубат не само спорот, туку и целиот свој имот или животна заштеда – затоа што имаме нереално високи парнични трошоци. Затоа, ние се залагаме за законско фиксирање на парничните трошоци (судски, адвокатски, нотарски, извршителски и др.) на максимум 1/4 од главницата на спорот!

Ние сме и единствената партија која нуди укинување на приватните извршителски канцеларии и воведување на државни судии-извршители, кои ќе работат за плата, со цел да се спречи легализираниот грабеж на граѓаните во постапката на присилно извршување. Нашиот систем е еден од најсуровите извршни системи во Европа! За сметка на ефикасноста, ја жтртвувавме социјалната правда и правичноста, што е недозволиво. Планираме наместо да прогласуваме технолошки вишок на судии – бидејќи реално, според европскиот просек, на два милиони жители треба да имаме максимум 400 судии, а ние имаме околу 650 – па, наместо да ги бркаме од работа, би ги преименувале во специјализирани судии- извршители. Така, бројот на судии извршители би бил дваипол пати поголем од сегашниот број  на извршители, со што би се решил проблемот на бавноста во наплатата. Дополнително, би се вовеле и разумни максимални законски рокови за судење во сите судски постапки, па и во извршната – со предвидени санкции во случај на неиполнување на нормата која еден судија може реално да ја оствари. Така што, постојат илјадници механизми и проверени добри практики, само потребна е политичка волја за промени. А таа, очигледно, изостанува.

Остатокот од интервјуто со професорот Апасиев може да го прочитате на сл. инт. врска тука.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Собир пред Основен Суд Скопје 1 во поддршка на обвинетите од 27.04.2017 за случувањата во Собранието на РМ
Следна објава Партиските вработувања на СДСМ се камен околу вратот на државата
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 547
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 524
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 520
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1179
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 502
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 577
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 313
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 395
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 541
Жена на денот
Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

1528
Маж на денот
Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

Николас Хулт - Хорското момче на кое актерството не може да му одолее

1085
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Неделни топ 5 на Брегалнички
Диета или внимание
Магазин

Диета или внимание

Окт 6th, 2017 778
Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година
Регион

Извештај за реализирани дневни активности на вработените во ЈП "Стипион" Штип за 16.08.2022 година

Авг 17th, 202236
Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација
Македонија

Петиција за враќање на стариот дрес на Македонската фудбалска репрезентација

Мај 29th, 202128
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st, 202224
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.