Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините ќе поевтинат за половина денар, а цената на дизелот ќе се зголеми за половина денар. Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за половина денар и со тоа новата цена за литар Еуросупер БС-95 ќе изнесува 71 денар, додека на Еуросупер БС-98 – 72,50 денари.
Дизелот поскапува за половина денар, и новата цена ќе изнесува 63 денари за литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува иста–51,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,598 денари за килограм на 33,053 денари.