• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Безбедноста на премиерот во јавноста, превенција или гаф?

ноември 9th, 2017 Македонија коментари 700

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Безбедносните експерти се поделени по прашањето дали информациите за безбедноста на премиерот треба да се објавуваат јавно. Некои тврдат дека службите треба да си ја работат работата без да зборуваат за тоа во јавноста. Други, пак, сметаат дека превентивно, јавноста сепак треба да биде информирана.

По изјавите во јавноста дека премиерот Зоран Заев веќе две години е под постојани закани за атентат, експертите со спротиставени мислења за тоа дали вакви сознанија треба да се кажуваат јавно. Љубомир Ѓурчески, безбедносен експерт и поранешен началник во МВР, вели дека овој вид безбедносни информации треба да бидат затворени за јавноста и да останат внатре во рамките на безбедносните служби.

„Такви безбедносни информации не се даваат во јавност. Тие треба да останат строго затворени внатре во службите за безбедност. Шестата управа во МВР веднаш треба да изготви нови планови, да го зголеми обезбедувањето и да ги следи сите можни ризици. Вакви сознанија предизвикуваат револт и страв кај граѓаните и затоа не се даваат во јавност“, смета Ѓурчески.

За разлика од него, професор Никола Дујовски од Факултетот за безбедност смета дека јавноста треба да биде информирана и дека тоа се прави превентивно.

„Обраќањето на министерот за внатрешни работи повеќе го сфаќам како превентивно, да знаат сите во земјава коишто макар и несериозно имаат вакви намери, дека МВР следи и ќе преземе навремени мерки да се превенира, спречи или одбие ваков напад врз премиерот или која било друга личност која се обезбедува во Република Македонија“, изјави Дујовски.

Ѓурчески не е изненаден од информациите за постојани безбедносни закани по премиерот, зашто како што посочува, во секоја држава први на удар се луѓето кои раководат со државата. Тоа што одговорните се одлучиле овие информации да ги соопштат во јавноста, според него, најверојатно е резултат на потребата да се оправда изјавата на премиерот Заев во интервју за црногорското радио Антена-М во која вели дека безбедносните аналитичари го предупредиле на ризик од атентат.

„Тие како служби сега мора да ја испеглаат таа изјава на Заев, за да не излезе дека е политички гаф. Од друга страна, пак, безбедносните служби со цел да си го подобрат својот авторитет и своето влијание и моќ во државата, понекогаш претеруваат со ваквите безбедносни информации со цел лидерите да ги стават во едно стаклено ѕвоно и да ги држат под постојан страв, за да остваруваат одредени бенефиции“, вели Ѓурчески и додава дека една ваква информација генерално создава одредена доза на страв и несигурност кај луѓето, особен ако се земе предвид и фактот што ние сме држава во којашто веќе имавме обид за атентат и пад на авион на претседател.

Инаку, пред два дена министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека заканите по премиерот се од 2015 година и дека во периодот пред да биде избран за премиер, Заев побарал и обезбедување. Тој сепак нагласи дека полицијата успешно се справува со заштитата на Заев.

Извор: РСЕ

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Како да вежбате англиски јазик на социјалните мрежи?
Следна објава Костовски: СДС нема слух за ниту еден проблем на граѓаните, немаат ниту грам совест за над 5.700 семејства
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 374
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 353
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 368
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 990
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 365
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 405
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 174
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 256
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 339
Жена на денот
Работната облека на Лаура Велс

Работната облека на Лаура Велс

361
Маж на денот
Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

Жерард Батлер - комбинација од машкост и интелегенција

1770
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
"Убиството на Никола Саздовски и тоа како е поврзано со Договорот за името"
Македонија

"Убиството на Никола Саздовски и тоа како е поврзано со Договорот за името"

Јул 11th, 201822
Победа на ВМРО-ДПМНЕ против обидот за незаконско назначување за член на Регулаторната комисија за енергетика
Македонија

Победа на ВМРО-ДПМНЕ против обидот за незаконско назначување за член на Регулаторната комисија за енергетика

Мар 25th, 202222
Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!
Македонија

Драган Ковачки: Нема авиони, нема хеликоптери, нема пилоти, нема дронови... нема што нема!

Авг 6th, 202122
Соопштение на здружението "Здравје со игла не влегува"
Македонија

Соопштение на здружението "Здравје со игла не влегува"

Јан 20th, 201921
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.