На фејсбук е објавен повик за собир „Бојкотирам Северна, Секогаш Македонија!” во организација на Млади за Македонија – Mladi za Makedonija и Бојкотирам – Bojkotiram за кој што според официјалната страна на мрежата #Бојкотирам постојат индиции дека е организиран и промовиран од страници на кои се инфилтрирани и кои се превземени од службите на хунтата.
#Бојкотирам се оградува од протестот закажан на 27-ми септември. Протестот не е автентичен дел од мрежата. Страниците кои го промовираат и организираат протестот се инфилтрирани и преземени од службите на хунтата.
#Бојкотирам апелира на сите добронамерници да не се појавуваат на истиот, бидејќи има кредибилни информации и индикации дека истиот ќе се искористи за немири и оцрнување на иницијативата #Бојкотирам.
Сите што сепак ќе се одлучат да присуствуваат на протестот закажан на 27-ми септември да бидат крајно претпазливи и да не подлегнуваат на никакви провокации за насилство.
Стои во официјалното соопштение на страницата Бојкотирам