-Бојкот е единствениот начин да избориме правда за Македонија, и е најбезбеден начин да пропадне целиот процес, бидејќи ризикот е преголем со оваа тоталитарна власт да се очекува чесна и демократска власт. Владата на СДСМ нема да успее да го исполни цензусот. Народот , обединет, охрабрен на овој начин на 30-ти септември ќе каже не. – вели Дамовски. Тој обвини и дека се трошат милиони за референдумот а го нарекуваат консултативен. Подобро би било парите наменети за референдумот да бидат исплатени на сите граѓани за консултантски услуги.