Пратеникот Ферид Мухиќ укажа на моралноста на Владата , да даде објаснување што точно ќе се случува во Собранието при уставни промени. Мухиќ сеуште стои на ставот дека овој Преспански договор го смета за штетен, но сеуште без цврст одговор на тоа дали тој ќе излезе на гласање или не.
– “Не би сакал да кажам дали ќе го дадам својот глас на референдумот, бидејќи сметам оти тоа може да биде истолкувано како повик да се излезе или не. Но, недопустлив пропуст е да не се најави конкретно за кои уставни промени станува збор. Граѓаните ќе го дадат својот глас на референдумот, но не знаат прецизно кои се уставните промени, Владата на граѓаните им е должна образложение кои се точно најавените уставни промени”
– изјави Мухиќ за “ Макфакс”


