Денеска со своја порака преку социјалните мрежи се обрати во јавноста кандидатот за градоначалник на општина Лозово Бошко Цветковски.
Тој во своето обраќање ја потенцира постојаната соработка со граѓаните како и неговите заложби заеднички со нив да создава нова иднина за Лозово.
Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Бошко Цветковски упатено до јавноста:
“Ќе победиме!
Затоа што сум убеден дека граѓанитего ценат ова што го правиме, гледаат дека од срце се трудиме нешто да подобриме, и го вреднуваат тоа, прават разлика помеѓу нас и нив наполитичката сцена, гледаат кој се занимава со држење стандардни, веќе традиционални “ЌЕ” говори, а кој работи и се труди, кој се нервира и живее со судбината на нашата татковина и на нејзините граѓани, кој работи искрено за интересите на Република Македонија, а кој со блеф и игри за лични бенефити.
Ќе победиме!
Заедно со граѓаните, останувајќи верни на нивните потреби и желби и работејќи за подобро утре за сите. Онака како што знаеме, со засукани ракави, без штедење на силите и гледајќи ги во очи, свесни дека има уште многу пред нас, уште многу заеднички дела, и уште многу заеднички предизвици, но и уште многу заеднички победи..
Заеднички да создадеме нова иднина! Нова иднина за секој од вас, за секој дом, семејство, улица и населено место.. Нова иднина на договор помеѓу граѓаните и политичарите, иднина на нормална општина во која ќе има ред, дисциплина и работа. Општина без КИЧ проекти, општина со реални проекти кои се од суштинско значење за граѓаните, проекти за подобар стандард и можности за секого. Во новата иднина граѓаните ќе имаат можност да ги контролираат потрошените финансиски средства од општината, за разлика од сегашноста во која никој незнае каде се трошат народните пари.. Нова иднина со подобри денови, раст и развој, иднина со авангардна младина и спокојна старост.
СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА
ПРОМЕНИ
ПРОЕКТИ
ПОБЕДИ
“


