Екипата на Брегалница денес на домашен терен доживеа пораз од екипата на Борец од Велес. Натпреварот започна одлично за штипските сини со голот од пенал на Здравков во 6 минута. Но радоста кратко траеше бидејќи после само две минути изедначи гостинската екипа а стрелец на голот бесе Пановски. Се до крајот на натпреварот Брегалница беше доминантна и ги редеше шансите пред противничкиот гол. Но, шокот за домашните пристигна во 93 минута кога во контра напад прецизно стрелаше Антонио Каналовски.
Со овој пораз Брегалница се одалечи од врвот на табелата и падна на третото место со освоени 19 бодови. Прва е Беласица со 26, втора е екипата на Борец со освоени 20 бодови.