На автентичен начин со многу силина и моќ на изразот Локалниот огранок на политичката партија “Левица” го честиташе денешниот празник:
ЛО „Левица“ Куманово на сите граѓани на Републиката им го честита 11 Октомври, денот на антифашистичка борба на Македонија. На овој ден пред 77 години, во 1941 г., македонските партизани, здружени сите етникуми во единствени партизански одреди, организирано кренале востание против фашистичките окупатори, борејќи се во името на слободата, еднаквоста и социјалната правда. Во овие први никулци на вооружениот отпор против непријателите, особено сѐ истакнале кумановските партизани организирани во Козјачкиот и Карадачкиот партизански одред.
Дветте единици биле разбиени многу бргу, само по неколку дена, но идеите и стремежите на оваа генерација првоборци се преобразија во мотиви и насоки за иднината и останале длабоко врежани во историската свест на подоцнежните генерациите.
Овогодинешната прослава на 11 Октомври „Левица“ ЛО Куманово реши да ја одбележи со посета на три, веќе подолго време заборавени и руинирани спомен обележја во Куманово и неговата поширока околина, локалитетите: „Менкова колиба“, „Студена Вода“ и споменикот посветен на Козјачкиот партизански одред во село Малотино. „Левица“ одбива да учествува на репетитивната и формализирана централната прослава на 11 Октомври на „Спомен костурницата“, организирана од страна на власт која ги негира и оспорува асномските слободарски принципи. Сметаме дека ваквиот начин на одбележување ја намалува историска смисла и важност, и претставува узурпиран настан претопен во чиста формалност и баналност, лишен од секакви идејни врски со асномските идеали.