Согласно регулативите за акцизи на цигарите, расте цената на ова „задоволство“ за граѓаните на Македонија. Од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година, акцизната стапка за цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за парче во секоја година, што значи на 1 јули секоја година, кутија цигари ќе станува за по 4 денари поскапа. –
Во Македонија покачувањето на акцизата не секогаш се врзува со поскапувањето на цигарите во малопродажбата. Минатата година некои производители се решија цените да не ги покачат веднаш и акцизата да ја компензираат од сопствените приходи. Други производители пак поскапувањето го направија порано.
Во Македонија изминатата година веќе имаше еден бран на поскапување на цигарите.