Дека нешто “смрди” во владината коалиција говори фактот што директорите на затворите во државата кои се кадри на владеачката СДСМ си реализираат јавни средби без присуство на директорите на ваквите институции кои се кадри на ДУИ.
Директорот на управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ заедно со директорите на затворите од СДСМ впечатливо од фотографиите споделени преку јавно социјалните мрежи си тераат
свои партиски средби..

Дали оваа состојба е показател за криза во владината коалиција затоа што на овие средби не се поканети, ниту присутни директорите на затворите кои се кадри на ДУИ, е прашање кое провејува во јавност. Како пример во овој контекст можеме да ги посочиме директорите на затворите во Струга и Тетово кои евидентно не се дел на фотографиите споделени во јавност од директорите на СДСМ.
Доколку на овие средби се разговара за план за работа и досегашни активности во рамки на службените обврски тогаш е почудно зошто се присутни само партиските директори на СДСМ а знаеме дека програмските активности и имплементацијата на планвите се државни и Владини.
Посебно забележителен белег на овие средби е присуството на директорот на Истражниот затвор во Шутка, Ѓоко Котевски кој бомбастично пред Претседателските избори соопшти на јавноста дека ќе се повлече од директорската функција, по завршување на изборниот процес.

И по оваа негова голема лага дека е понудената оставка поради инцидентот во затворот Шутка и истата ќе се ефектуира веднаш после изборите тој си продолжува без срам морал и одговорност да се појавува на ваквите средби на директорите на затворите во државата и тоа да го лиферуваат во јавност..