Деодека Романските граѓани се подготвуваат за да гласаат на изборите за Европскиот парламент, група на само-прогласени вештерки работат зад затворени врати за да осигураат вистинските кандидати да дојдат до израз пред гласачите.
Во интервју со Михаела Минка која е една од самопрогласените вештерки за Евроњуз, таа вели дека работи на масовен ритуал со кој на 25 Мај ќе ги просветлат умовите на кандидатите за да донесат најдобри одлуки за Романските граѓани.
Подготвуваме многу моќна супстанца за 25 мај, која што моите ќерки ке отидат и ке ја истурат врз зградата на Романската влада,
-вели таа.
Меѓепсаната вода ќе ги просветли и прочисти умовите на политичарите со што тие ќе носат добри одлуки за Романските граѓани.
Вештерките изведуваат ритуали на полноќ, секое утро и секое зајдисонце почнувајќи од 9-ти мај со цел да ја создадат волжебната супстанца. Велат дека смесата содржи траги од животински материјали, свеќи и цвеќиња.
Погледнете го прилогот подготвен од Евроњуз за овој несекојдневен и невообиќаен начин за постигање на политички цели: