Здружението на Цивилните инвалиди од војната – Дебар апелираат за можноста од несакана несреќа или трагедија веќе подолго време. Во регионот има експолозивни средства останати уште од втората светска војна.
Пронајдената рачна бомба од 2 светска војна е факт дека нивниот апел треба да се сфати сериозно и да се превземат мерки.СВР информира дека на брегот на Дебарското езеро во месноста „Венец”, случаен минувач забележал стара експлозивна направа-рачна бомба. Подрачјето е обезбедено од полициски службеници а овластено службено лице од ДЗС, извршил безбедно подигнување. Констатирано е дека се работи за рачна бомба од италијанско производство која потекнувала од II Светска војна.
Здружението на Цивилните инвалиди од војната во Дебар чии членови се жртви од останатиот воен експлозив апелираат уште еднаш на големо внимание особено за децата бидејки при рушење на стари објекти што е честа појава во градот Дебар , може да наидат на останати експолозивни направи кои се опасни.