Не стивнуваат честитките за познатиот и признат млад доктор Александар Китански за истакнувањето на неговата кандидатура за градоначалник на Општина Пехчево од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
За Д-р Александар Китански помеѓу жителите на Пехчево но и во поширокит регион постојата само пофални зборови и тоа во суперлативи, за него како личност, доктор, пехчевец со огромна доза на позитивни човечки карактеристики кој што сака да помогне секому.
Попладнево беше обзнането дека како кандидат за градоначалник од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе биде токму Александар по што следуваа лавината на позитивни би рекле воодушевувачки реакции од страна на пехчевци.
“Племенит човек, човек со етички и морални вредности, човек кој плени со добрина, позитива, мирољубивост, хуманост… Човек кај кого нема простор за поделба на луѓето по никаква основа, човек кој проблемите и недостатоците во рурална или градска средина, ги знае подобро од самите жители, човек кој ќе се вложи себеси во решавањето на било каков проблем на своите сограѓани, човек кој не се штедел ниту пак ќе се штеди кога на другите им бил потребен, човек на кој потребите на граѓаните, чесноста и честитоста ќе му бидат во преден план, човек каков што заслужува секоја општина во Република Македонија.ЧОВЕК ОД НАРОДОТ, И ЗА НАРОДОТ!”
-стои во една од реакциите на социјалните мрежи во врска со кандидатурата на Александар Китански за татко на општина Печево.