На денешната комисиска расправа во Собранието на Република Македонија, пред пратениците се најде предлог ребалансот на Буџетот на Владата, предложен од Министерката за финансии Нина Ангеловска.
Како дел од расправата пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска се осврна на клучните забелешки во однос на овој документ за кој како што рече пратеничката на опозицијата, со носење на овој ребаланс на Буџетот граѓаните ќе продолжат да скенираат а власта да рекетира.
Стојаноска ги идентификува клучните точки по ко се карактеризира оваа влада предводена од Зоран Заев, која уште на почетокот на својот мандат ги зголеми давачките на граѓаните кон државата (како што беше зголемувањето на износот на акцизата за горивата) за сега преку популистички мерки кои имаат многу мало влијание врз стандардот на граѓаните (како што е скенирањето фискални од страна на граѓаните).
На крај од својата фактографска дискусија пратеничката Стојаноска поентираше со зборовите:
Оваа Влада го направи третиот ребаланс во својот мандат, но повторно народот ќе биде излажан и ќе остане со празни џебови. Повторно ќе се наполнат само џебовите на владините функционери, односно народот во Македонија ќе продолжи да скенира, а власта да рекетира.
Погледнете го во продолжение во целост обраќањето на Дафина Стојаноска од собраниската говорница: