Во својата неодамнешна колумна објавена за порталот Република.мк, Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска голем дел посветува на кобниот ден за Република Македононија на 19-ти Октомври, кога 80 нејзини колеги и колешки гласаа за почнување на постапка за промена на името на Република Македонија во Република Северна Македонија.
Ја ставија на продажба Македонија. И велат дека се горди со тоа. Дека се гордеат што ќе ѝго сменат името, што ќе си го сменат сопствениот, но и нашиот идентитет, што ќе избришат огромен дел од нашата богата историја и култура, што ќе нѐ обезличат, што ќе нѐ уништат.
Да велиш дека си горд на вакво нешто, треба да си навистина доволно „храбар“ ( читај: доволно луд ).
-пишува Дафина Стојаноска.
Притоа адресира една многу важна порака која оди во спротивност на пропагандата на власта со која се прави дефокусирање на јавноста од вистинскиот причинител на овој геноциден процес за уништување на Македонскиот идентитет:
Иднината на Република Македонија заврши на 19 – ти октомври. Ја скроија и завршија 80 пратеници.
Многу симптоматично е што, и после овој кобен датум за Република Македонија, прстот повторно е вперен кон ВМРО-ДПМНЕ. Точно е дека и ВМРО-ДПМНЕ до последна секунда од тој проклет ден веруваше во сите свои пратеници и во сите пратеници од својата коалиција. Но, откако тие осумина постапија спротивно на партијата и коалицијата, тие веќе не се дел од ВМРО-ДПМНЕ. Можат да се нарекуваат независни колку што сакаат, но не се дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
По што продолжува:
Jавноста треба да знае и тоа никогаш да не го заборави, дека Република Македонија ја погребаа 80 пратеници, спротивно на волјата на нивните гласачи и спротивно на законите и Уставот. Ако беа и се за демократска и правна Европа, немаа ова да го сторат во никој случај.
А, ВМРО-ДПМНЕ остана и ќе остане на ставот дека Преспанската спогодба е капитулантска и дека нема да ја прифати никогаш. ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во изготвувањето на спогодбата и нема да стане соучесник во нејзиното имплементирање во Уставот.
Како и да е, Македонија и нејзината судбина или иднина се во рацете на 80 – мина пратеници. Тие Македонија дефинитивно ја ставија на продажба и од нив зависи дали до крајот на овој процес ќе се освестат и ќе се повлечат или ќе останат на нивниот став од 19 – ти октомври, и покрај силната осуда за тоа од нивните гласачи, сограѓани, соседи, колеги, пријатели и роднини.
Ние од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ остануваме доследни на нашиот кажан збор и на нашите ставови. Доследни на Македонија – засекогаш!
-ја завршува својата колумна со огромна жар и љубов кон својата татковина Дафина Стојаноска.